Неговото последно поклонување

Неговото последно поклонување
Насловна страница на првото издание
АвторАртур Конан Дојл
ИлустраторРичард Гутшмид
Изработувач на
корицата
Џозеф ван Абе
ЗемјаВелика Британија
Јазиканглиски
СеријалШерлок Холмс
Жанрдетективска фикција
ИздавачJohn Murray
Издадена
22 октомври1917
Медиумпечатено(тврд повез)
Страници305
ПретходнаДолината на стравот 
СледнаАрхивот на Шерлок Холмс 

„Неговото последно поклонување: Некои сеќавања на Шерлок Холмс“ (англиски: His Last Bow: Some Reminiscences of Sherlock Holmes) е збирка раскази од 1917 година која содржи претходно објавени кратки раскази за Шерлок Холмс, објавена од страна на Артур Конан Дојл. Покрај стандардните кратки раскази кои се вклучуваат во збирката, скоро секое издание вклучува и предговор прераскажан од гледната точка на Џон Вотсон.

Опис

Книгата била објавена во Велика Британија од издавачката куќа Џон Мари во октомври 1917 година. Во САД била објавена од Џорџ Х. Доран.[1]

Шест од приказните биле објавени во списанието „Стренд“ (The Strand Magazine) во периодот од септември 1908 и декември 1913.[2][3] Списанието ја објавила приказната „Преноќилиштето Вистерија“ под насловот „Сеќавањата на Шерлок Холмс“ и била поделена во два дела, “Исклучителниот случај на Џон Скот Еклс“ и “Тигарот од Сан Педро“.[4] Последната приказна „Неговото последно поклонување“ (1917) е епилог на воената служба на Холмс и била објавена во Колиерс на 22 септември 1917 година - еден месец пред премиерата на книгата на 22 октомври.[2][3]

Содржина

  • Предговор на Џон Вотсон (1917)
  • ,,Преноќилиштето Вистерија" ("The Adventure of Wisteria Lodge", 1908)
  • ,,Картонската кутија" ("The Adventure of the Cardboard Box", 1892) (овој расказ стои во Мемоарите на Шерлок Холмс во британското издание на канонот)
  • ,,Црвениот круг" ("The Adventure of the Red Circle", 1911)
  • ,,Плановите Брус-Партингтон" ("The Adventure of the Bruce-Partington Plans", 1908)
  • ,,Детективот што умира" ("The Adventure of the Dying Detective", 1913)
  • ,,Исчезнувањетона Леди Францис Карфекс" ("The Disappearance of Lady Frances Carfax", 1911)
  • ,,Ѓаволовата нога" ("The Adventure of the Devil's Foot", 1910)
  • ,,Неговиот последен поклон" ("His Last Bow", 1917)

Наводи

  1. Cawthorne, Nigel (2011). A Brief History of Sherlock Holmes. Running Press. стр. 138. ISBN 978-0762444083.
  2. 2,0 2,1 „His Last Bow“. De Encyclopédie de Conan Doyle & Sherlock Holmes. Société Sherlock Holmes de France. Посетено на 21 January 2014.
  3. 3,0 3,1 „His Last Bow: Some Reminiscences of Sherlock Holmes“. De Encyclopédie de Conan Doyle & Sherlock Holmes. Société Sherlock Holmes de France. Посетено на 21 January 2014.
  4. Doyle, Arthur Conan (October 1979). The Sherlock Holmes Omnibus (2 illustrated. изд.). John Murray. ISBN 071953691X.

Поврзано

Надворешни врски