Нихон шоки

Копија од страница од Нихон Шоки, раниот Хејан период.

Нихон Шоки (日本書紀), е втора најстара книга за историја на Јапонија, позната и под името Хроника на Јапонија. Била завршена во 720 година и презентирана на царицата Геншоа. Принцот Тонери Шиноу бил супервизор врз работата на јапонскиот благородник и хроничар О-но Јасумаро во работата врз записот за Јапонија.[1] Нихон Шоки започнува со јапонскиот мит за создавањето, објаснувајќи го потеклото на светот и првите седум генерации божествени суштества (почнувајќи од Кунинотокотачи), со голем број митови како и Коџики, но потоа продолжува се до настаните од 8-миот век. Се верува дека точно ги бележи подоцнежните владеења на императорот Тенџи, императорот Тенму и царицата Џито. Нихон Шоки се фокусира на заслугите на доблесните владетели, како и на грешките на лошите владетели. По узор на кинеските историски хроники и ова дело има хронологија, историски податоци и слична книжевно-историска структура.[2] Во книгата е ставен поголем акцент на историските вистини, отколку на книжевниот момент што го прави делото позначајно од историски аспект, во однос на литературните вредности

При изборот на делата намерно се прикажани сите познати настани, а не само оние кои имале улога во политичкиот живот. Ова е доказ дека писателот користел различни извори, ги истражувал сите други записи, кои биле многу, судејќи според кинеските извори. Записите од поновиот период историски се многу веродостојни.

Прозниот текст е напишан на кинески јазик, иако има и песни за кои е користена кинеска транскрипција.[2] Нихон Шоки се состои од вкупно триесет свитоци, т.е. тома, кои речиси сите се напишани на кинески. Главната цел на Коџики е да се оправда божественото потекло на императорот; додека целта на Нихон Шоки е да го поддржи авторитетот на Јапонија во однос на нејзините соседи, да создаде слика за Јапонија како силна, суверена, цивилизирана и културна земја која не заостанува.

Наводи

  1. Aston, William George ((July 2005) [1972]). Nihongi: Chronicles of Japan from the Earliest Times to AD 697. Tuttle Publishing. стр. p. xv. ISBN ISBN 978-0-8048-3674-6, Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)CS1-одржување: излишна интерпункција (link) CS1-одржување: излишен текст (link)
  2. 2,0 2,1 „Nihon shoki | Mythology, Creation & History | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2025-01-29.

Поврзано

Литература