Овчар (планина)

Овчар
Највисока точка
Надм. вис.985 м [1]
Координати43°53′48″N 20°12′50″E / 43.89667°N 20.21389°E / 43.89667; 20.21389
Географија
Овчар на карта

МестоСрбија

Овчарпланина во западна Србија, нејзиниот врв се наоѓа на 10,5 км западно од центарот на Чачак и е висок 985 м. Овчар заедно со планината Каблар ја формира Овчарско-кабларската Клисура низ која тече Западна Морава.

На планината Овчар некогаш се наоѓал вулкан кој денес е угасен. На врвот се наоѓа телевизиска антена и предавател на Радиотелевизија Србија. Предавателот настрадал за време на бомбардирањето на НАТО на СР Југославија. Денес е обновен и покрај него се наоѓа видиковец со поглед на градот Чачак.

Дел од оваа планина е заштитен како природно богатство на Република Србија. Овчар е туристичко одредиште кое е дел и од понудата на туристичките организации. Недалеку од планината се наоѓа познатата Овчар Бања.

На патот кој води за Овчар Бања покрај Овчар Планина, се наоѓаат 12 манастири и пар црквички. Месното население овие манастири ги нарекува Српска Света Гора.

Галерија

Наводи

  1. Jovan Đokić. „Katalog planina Srbije“. PSD Kopaonik Beograd. Архивирано од изворникот на 2011-05-18.

Литература

  • Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно |title= (help)
  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.