Окрузи во Шпанија
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4c/Spain_comarcas.png/300px-Spain_comarcas.png)
Извесни автономни заедници во Шпанија традиционално се делат на окрузи наречени „комарки“ (шпан. comarcas). Некои окрузи (како на пр. оние во Каталонија) имаат законски утврден статус, па дури и извесен степен на самоуправа.
Во други случаи (на пр. Ла Карбаљеда) немаат формален законски статус бидејќи нивните граници соодветствуваат на географски целини како долини, речни устија, планински предели, па дури и историски региони, покраини и кралства (на пр. Љеркавонија). Ваквите окрузи се организираат во заедници (mancomunidad) што им овозможува делотворно и целисходно да раководат со нивните ресурси.
Округот Сердања е поделен помеѓу две држави, југозападната половина ѝ припаѓа на Шпанија, а североисточната на Франција.
Поврзано
- Автономни заедници во Шпанија
- Покраини во Шпанија
- Список на општини во Шпанија
Надворешни врски
- „Осознајте ја Шпанија“ - подробен список на окрузите во Шпанија со врски Архивирано на 15 февруари 2003 г. (шпански)