Онега (езеро)
Онега | |
---|---|
Поглед на езерото од кејот во Петрозаводск | |
Координати | 61°30′N 35°45′E / 61.500°N 35.750°E |
Главни приливи | 58 реки (поголеми: Шуја, Суна (река)Суна, Водла, Вјатегра, Андома) |
Главни истеци | Свир |
Сливни земји | Русија |
Најг. должина | 245 км |
Најг. ширина | 91,6 км км |
Површина | 9,700 км2 км2 |
Прос. длабочина | 30 м м |
Најг. длабочина | 127 м м |
Зафатнина | 285 км3 км3 |
Надм. височина | 33 м м |
Острови | 1.369 (поголем: Кижи) |
Населени места | Кондопога, Медвежјегорск, Петрозаводск, Пиндуши, Повенец |
Онега (руски: Оне́жское озеро, Онего, фински: Ääninen, Äänisjärvi) е езеро во европскиот дел на Русија. Површината на езерото изнесува 9.894 км2, неговата зафатнина изнесува 280 км3, просечната длабочина е 30 метри, а максималната длабочина е 120 м.[1][2] На езерото има 1.369 острови и нивната вкупна површина изнесув 250 км2. Езерото Онега е второ по големина езеро во Европа (веднаш по езерото Ладога) и е седумнаесетто на светот.[3]
Езерото е поврзано со Белото Море преку Беломорско-балтичкиот канал.
На островот Кижи, кое се наоѓа во северниот дел на езерото, се наоѓаат неколку дрвени цркви кои се дел од Светското наследство на УНЕСКО.
На езерото, доста е застаоено едрењето. Освен тоа езерото има големо економско значење заради развиениот риболов и транспорт.
Водата од езерото Онега се користи за погон на големата хидроелектрана Свистроја.
Реки
Во езерото се влеваат 58 реки, а главни се:
- Шуја (Шуя)
- Суна
- Водла
- Мегра
- Вјатегра (Вытегра)
- Андома
Од езерото истекува реката Свир која го поврзува со езерото Ладога, а преку него со езерото Нева, Ленинград и Финскиот Залив.
Градови
Петрозаводск е главен град на Републиката Карелија, која се наоѓа на западниот брег на езерото Онега. Карелија го покружува езерото од запад, север и исток, а од јужниот дел езерото припаѓа на Ленинградската област и Волоградската област.
Освен него на езерото се наоѓаат и градовите:
- Кондопога
- Медвежјегорск (Медвежьегорск)
- Повенец
Поврзано
Наводи
- ↑ „Lake Onega, Russia - Onega Lake in Karelia“. www.lakepedia.com. Посетено на 2022-01-31.
- ↑ „Lake Onega | lake, Russia | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2022-01-31.
- ↑ Карелия: энциклопедия: в 3 т. / Гл. ред. А. Ф. Титов. — Т. 2: К — П. — Петрозаводск: ПетроПресс, 2009. — С. 324—326. — 464 с. — ISBN 978-5-8430-0125-4 (т. 2)
Галерија
-
Дрвена црква на острвoт Кижи
-
Беломорско-балтичкиот канал
-
Товарното пристаниште во Петрозаводск
Надворешни врски
- Езеро Онега (руски)
- Статија за езерото со подробна карта Архивирано на 27 август 2006 г. (руски)
- Опшрна презентација за езерото Онега Архивирано на 6 февруари 2007 г. (руски)
|