Општина Апаче
Општина Апаче (словенечки: Občina Apače) — општина во областа Долна Штаерска, североисточна Словенија.[1] Седиште на општината е селото Апаче. Се граничи со општините Шентиљ, Света Ана и Горња Радгона. Реката Мура тече по работ на оваа општина, и по неа поминува словенечко-австриската граница. Во 2020 г. населението броело 3.533 жители.
Општината е основана со одлука во 2006 г. според која подрачјето околу Апаче е одвоено од Општина Горња Радгона на 1 јануари 2007 г. Денес е дел од Помурскиот статистички регион.
Населени места
Покрај општинското седиште Апаче, општината ги опфаќа и следните населени места:
Наводи
Надворешни врски
Соседни места на Општина Апаче |
---|
| |
|