Општина Арачиново
Општина Арачиново | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
| |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Скопски | ||
Година кога е основана со закон | 1945 (како месен народен одбор), 1996 | ||
Седиште | Арачиново | ||
Населени места | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Ридван Ибраими | ||
Површина | |||
• Вкупна | 31,3 км2 (12,1 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 12.676 | ||
• Густина | 400/км2 (1,000/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +02 | ||
Регистарски таблички | SK | ||
Мреж. место | haracina.gov.mk |


Општина Арачиново — општина во северниот дел на Македонија основана во 1996 година со седиште во Арачиново. Се состои од четири села: Грушино, Мојанци, Орланци и Арачиново.
Демографија
Општина Арачиново се наоѓа североисточно од Скопје (околу 12 км од главниот град на Македонија). Во состав на општината се четири населени места: Арачиново, Грушино, Орланце и Мојанце. Низ општината поминува регионален пат што ги поврзува Скопје со Куманово и Липково.
Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 12.676 жители, 2.848 домаќинства и 2.815 станови.[2]
Етничка припадност
- Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според изјаснувањето за етничката припадност
Етничка припадност | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 7 | 0,06 |
Албанци | 12.353 | 97,45 |
Турци | 0 | 0,00 |
Роми | 0 | 0,00 |
Власи | 0 | 0,00 |
Срби | 0 | 0,00 |
Бошњаци | 4 | 0,03 |
останати | 2 | 0,02 |
не се изјасниле | 0 | 0,00 |
непознато | 0 | 0,00 |
лица без податоци† | 310 | 2,45 |
Вкупно | 12.676 | 100,00 |
Вероисповед
- Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според изјаснувањето за религиската припадност
Вероисповед | Вкупно |
православни | 1 |
муслимани | 12.363 |
католици | 1 |
христијани | 0 |
протестанти | 0 |
евангелисти | 0 |
евангелисти-методисти | 0 |
Јеховини сведоци | 0 |
останати | 1 |
евангелиски протестантски христијани | 0 |
агностици | 0 |
будисти | 0 |
лица без податоци† | 310 |
Вкупно | 12.676 |
Мајчин јазик
- Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според мајчиниот јазик
Јазик | Вкупно |
македонски | 1 |
албански | 12.357 |
турски | 0 |
ромски | 0 |
влашки | 0 |
српски | 0 |
бошњачки | 6 |
останати | 2 |
знаковен јазик | 0 |
непознато | 0 |
лица без податоци† | 310 |
Вкупно | 12.676 |
† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.
Општествени установи
Во рамките на општината е и основното училиште „Скендербег” со повеќе од 1000 ученици.
- Цркви
- Црква „Талалеј“ во Арачиново - изградена во 1994 година, единствената црква во селото Арачиново, а една од малкуте во општината.
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Арачиново е Миликије Халими од редовите на СДСМ. Таа е избрана на локалните избори од 2017 година за мандатот од 2017 до 2021 година и воедно е првата жена градоначалник на оваа општина и прв градиначалник од редовите на СДСМ.[3] Советот на општина Арачиново е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Иселеништво
Наводи
- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ Предупредување за наводот: Ознаката
<ref>
со називДЗС
не може да се прегледа бидејќи е определена вон тековниот оддел, или пак воопшто не е определена. - ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
Надворешни врски
- Портал на Општина Арачиново
- Општина Арачиново во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
|