Северниот дел на општината се издига над долината Трента до врвовите на планините Мангарт, Јаловец и Триглав — сите сместени во Националниот парк Триглав (но не и самиот Бовец). Во Општина Бовец се наоѓаат двата најважни планински превоја на Јулиските Алпи: превојот Предел на словенечко-италијанската граница на северозапад и превојот Вршич на североисток, кој ја поврзува со долината на Соча со Крањска Гора во соседниот регион Горењска. На југозапад превојот Учја го поврзува Бовец со долината Резија во Италија.
Туризам
Во општината има неколку природни знаменитости како што е изворот на Соча, гоолемиот водопад Бока (висок 106 м), скијалиштето „Канин“ и долината Трента поврзани со Бовец преку планинарска патека. Tуризмот е мошне развиен; во Бовец има бројни сместувачки капацитети и слетувалиште за полесни воздухоплови.