Осна симетрија
Осната симетрија — симетрија во однос на дадена права (оска).[1] Еден објект е осно симетричен ако изгледот не му се менува со негова ротација (свртување) околу оската. На пример, чинивче изгледа исто ако го свртиме под било кој агол околу линијата што минува низ неговиот центар, па затпа велиме дека е „осно симетрично“.
Поврзано
- Симетрала - поделбена линија
- Хирална симетрија - во квантната механика
Наводи
- ↑ Андреевски, Венцислав П. (2007). „5.3 Симетрија“. Прирачник за математички поими и формули. Скопје: Винсент графика. стр. 167. ISBN 978-9989-2474-4-6.