Острава (чешки: Ostrava, германски: Ostrau, полски: Ostrawa) — трет град по големина во Чешка и седиште на Моравскошлескиот крај. Низ Острава течат реките Остравица, Одра, Лучина и Опава. Во минататото градот го нарекувале „челичното срце на републиката“ (ocelové srdce republiky).
Во март 2008, градот броел 336.909 жители, кои живееле во 23 окрузи формирани од 34 гратчиња и села. Острава има поврзина од 212 км2. Густината на населението изнесува 1.589 жит/км2.