Остраудерфен (германски: Ostrhauderfehn; источнофризиски долносаксонски: Ōsterfēn) — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија
Местоположба
Општината се наоѓа во крајниот југоисток на областа Источна Фризија, во северозападниот дел на германската сојузна покраина Долна Саксонија. Влегува во состав на округот Лер и се граничи со окрузите Клопенбург и Емсланд.
Главното место се наоѓа околу 14 километри југоисточно од окружниот град Лер. Соседен поголем град е Олденбург, околу 41 километар на исток.
Соседни општини
Острауферфен на запад се граничи со општината Раудерфен, на север со општината Детерн од општинската заедница Јиме. Ова се двете единствени општини од округот Лер со кои се граничи. На исток се граничи со општината Затерланд во округот Клопенбург. На еден мал дел на југ се граничи со општината Бокхорст во општинската заедница Нордхимлинг. Поради својата местоположба во крајниот југозапад на округот Лер, Остраудерфен е единствената источнофризиска општина, која се граничи со соседните области Емсланд и Олденбуршки крај.