Острец
Острец | |
Координати 40°55′59″N 21°18′0″E / 40.93306° СГШ; 21.30000° ИГД | |
Општина | Битола |
Население | 161 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 02090 |
Надм. вис. | 920 м |
Острец на општинската карта Атарот на Острец во рамките на општината | |
Острец на Ризницата |
Острец — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба
Историја
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Стопанство
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Острец живееле 550 жители, сите Албанци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Албанци.[4]
Населението на селото изнесува 229 жители, од кои 228 Албанци и 1 останат.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 161 жител, од кои 154 Албанци и 7 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 550 | 760 | 408 | 488 | 526 | 441 | 633 | 321 | 260 | 229 | 161 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Острец е албанско село.
Родови во селото се: Суљај (6 куќи) доселени се од областа Мат во северна Албанија, го знаат следното родословие: Бесим (жив на 30 г. во 1950-тите) Мурат-Шемшедин-Сали-Зеќир-Суљо, основачот на родот кој се доселил; Балај (10 куќи), Матај (5 куќи), Чилафај (5 куќи), Ликај (5 куќи), Љоцај (5 куќи), Таилар (5 куќи), Етемај (5 куќи), Оџалар (3 куќи), Маљолар (3 куќи), Меметолар (3 куќи) и Асанај (4 куќи) доселени се исто така од областа Матија, во родот Балај се знае следното родословие: Ајдар (жив на 31 г. во 1950-тите) Зеќир-Авмет-Раман-Бала, се доселил таткото на Бала; Дардаси (8 куќи) доселени се од селото Дарда во Љура, го знаат следното родословие: Адем (жив на 74 г. во 1950-тите) Реџеп-Адем-Ибраим, кој се доселил.[11]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 156 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 210 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Населението мигрира во Битола, Турција, околните села, Австралија, САД, Канада, Германија и други земји во светот.[14]
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Острец“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-01. Посетено на 31 јули 2018.