Павликени
Павликени Павликени | |
---|---|
град | |
Поглед на градот | |
Местоположба на Павликени во Бугарија | |
Координати: 43°12′15.1″N 25°18′26.59″E / 43.204194°N 25.3073861°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Велико Трново |
Општина | Павликени |
Управа | |
• Градоначалник | Емануил Манолов (БСП) |
Површина | |
• Вкупна | 42,221 км2 (16,302 ми2) |
Надм. вис. | 144 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 9.986 |
• Густина | 240/км2 (610/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 5200 |
Повик. бр. | +359 0610 |
Мреж. место | pavlikeni.bg |
Павликени (бугарски: Павликени) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Павликени во Великотрновската Област. Има население од околу 9.986 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
Павликени се наоѓа на средишниот дел на Дунавската Рамнина. Градот се наоѓа на 38 километри од регионалниот центар Велико Трново и на 41 км од Горна Орјаховица.
Историја
Павликени бил центар на керамика и грнчарството во антиката за што сведочат остатоците од римско и тракиско време. Неговото име потекнува од Павлиќаните, христијанска секта населена во Тракија од Лав Исавријанецот. Денешната населба се појавила во 13-14 век како село првично наречено Маринополци.
За време на османлиското владеење на Бугарија, демографијата на селото значително се променила, бидејќи многу Турци се населиле, а Бугарите католици се иселиле во Хабсбуршката Монархија во 18 век. По ослободувањето на Бугарија од османлиската власт во 1877–1878 година, Турците заминале во Анадолија, за да бидат заменети со Бугари Балканџии и од близките села во рамнините. По ослободувањето Павликени се развил како центар на занаетчиството и трговијата, при што биле изградени многу нови згради. Павликени го добил статусот на град во 1943 година благодарение на неговата значајна позиција на железничката линија Софија - Варна.
Наводи
- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Надворешни врски
- Официјална веб-страница на Оптшината Павликени Архивирано на 31 мај 2021 г.