Палисада

Реконструкција на палисада во келтско село

Палисада е пречка од зашилени колци забодени во земјата што служат за одбрана.

Типичната конструкција на една палисада се состои од мали или средни колци порамнети вертикално, со што е можно помалку слободен простор помеѓу нив. Колците биле наострени или зашилени на врвот, а биле забиени во земјата, а понекогаш и зајакнати со дополнителна конструкција. Висината на палисадите се движела од околу еден метар до 3-4 метри. Како одбранбена структура, палисадите често се користеле заедно со копање на ровови.