Памтивек

Памтивек — израз што се употребува за грубо временско лоцирање на нешто што се случило толку одамна, што сосема избледело од памтењето и се изгубило од (или не постои во) записите или преданијата. Тука импликацијата е дека дотичниот предмет може да се смета за неодредено стар (древен).
Пример:
...Меѓутоа, ѓаволот, браќа и сестри, од памтивек урива, а успеал ли да го урне овој свет?[1]
Наводи
- ↑ Јован Митрополит Велески и Повардарски и Егзарх Охридски: „Проповед на Литургијата после уривањето на параклисот во манастирот св. Јован Златоуст“