Панорама

Панорама[1][2] (грчки: πᾶν - сите; грчки: ὅραμα - поглед) — широк поглед, односно широк поглед на околината.[3] Техниката за создавање панорама може да биде сликарска или фотографска. Панорамската фотографија прикажува подрачје поголемо од она што одговара на фотографијата направена со објектив со средна фокусна должина. Поради оваа причина, фотографската техника се состои или од користење широк објектив или комбинирање на неколку фотографии во една. Ширината на фотографијата во повеќето случаи е неколку пати поголема од висината.[4]

Примери на панорамски слики

Панорама на Битола во 1900, браќа Манаки
Панорама на Кратово
Панорама на Прилеп со Марковите кули
Панорама на Охридското Езеро

Наводи