Папагаловидни

Папагали
Период: ран еоцен[1] – денес
Сино-жолта ара во лет
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Инфракласа: Нововилични
Надред: Нови птици
Ред: Папагали
Wagler, 1830
Натсемејства

новозеландски папагали (Strigopoidea)
какадуa (Cacatuoidea)
вистински папагали (Psittacoidea)

Распространетост на папагалите, сите видови (црвено)

Папагали (науч. Psittaciformes) — птици од приближно 398 вида[2] во 92 рода кои најчесто се најдени во тропските и суптропските предели. Редот е поделен на три натсемејства: Psittacoidea (вистински папагали), Cacatuoidea (какадуа) и Strigopoidea (новозеландски папагали). Една третина од сите видови папагали се загрозени, со поголем ризик од која било друга споредлива група на птици.[3] Папагалите имаат генерално пантропска дистрибуција со неколку видови кои живеат во умерени региони на јужната полутопка. Најголема разновидност на папагали има во Јужна Америка и Австралија.

Главни одлики на папагалот се силен и закривен клун, исправен став, силни нозе и нокти со зигодактилни стапала (два прста поставени нанапред и два наназад). Многу папагали имаат разни шари и бои. Повеќето папагали покажуваат малку или воопшто немаат сексуален диморфизам. Најважните компоненти на исхраната на повеќето папагали се семе, ореви, овошје, цветни пупки и друг растителен материјал. Неколку видови понекогаш јадат животни и мрши, додека други се специјализирани за исхрана со цветен нектар и меки плодови. Скоро сите папагали се гнездат во шупливи делови од дрва, и несат бели јајца од кои се изведуваат беспомошни млади.

Папагалите, заедно со гаврани, врани, сојки и страчки, се едни од најинтелигентните птици, а способноста на некои видови да го имитираат човечкиот говор ја зголемува нивната популарност како домашни миленици.

Класификација

Натсемејство Strigopoidea: папагали од Нов Зеланд

  • Семејство Nestoridae: два рода со два живи вида (кеа и Новозеландска кака) и неколку изумрени видови
  • Семејство Strigopidae: еден род со еден вид (какапо)

Натсемејство Cacatuoidea: какаду

  • Семејство Cacatuidae
    • Потсемејство Nymphicinae: еден род со еден вид (нимфа)
    • Потсемејство Calyptorhynchinae: црни какаду
    • Потсемејство Cacatuinae
      • Племе Microglossini: еден род со еден вид (голем црн какаду)
      • Племе Cacatuini: четири родови од бели, розови и сиви видови

Натсемејство Psittacoidea: вистински папагали

  • Семејство Psittacidae
    • Потсемејство Psittacinae: два африкански родови, Psittacus и Poicephalus
    • Потсемејство Arinae
      • Племе Arini: 18 родови
      • Племе Androglossini: 7 родови
  • Семејство Psittaculidae
    • Потсемејство Psittrichasinae: еден род со еден вид, Дракула папагал
    • Потсемејство Coracopsinae: Васа папагали
    • Потсемејство Platycercinae
      • Племе Pezoporini: земни папагали и слично
      • Племе Platycercini: широкоопашни папагали
    • Потсемејство Psittacellinae: тигрести папагали
    • Потсемејство Loriinae
      • Племе Loriini: лори и лорикити
      • Племе Melopsittacini: еден род со еден вид (тигрица)
      • Племе Cyclopsittini: смоквини папагали
    • Потсемејство Agapornithinae: три рода
    • Потсемејство Psittaculinae
      • Племе Polytelini: три рода
      • Племе Psittaculini: азиски папагали
      • Племе Micropsittini: пигми папагали

Морфологија

Големината на живите видови има голема варијација. Најмалиот постоечки папагал е Micropsitta pusio со тежина под 10г и должина од 8 сантиметри, а најголемиот е зумбуловата ара која е долга 1м. Најтешкиот папагал е какапо, кој може да стигне 4,0кг.

Наводи

  1. Waterhouse, David M. (2006). „Parrots in a nutshell: The fossil record of Psittaciformes (Aves)“. Historical Biology. 18 (2): 223–234. doi:10.1080/08912960600641224.
  2. „Parrots, cockatoos – IOC World Bird List“ (англиски). Посетено на 2021-01-19.
  3. Olah, George; Butchart, Stuart; Symes, Andy; Medina Guzmán, Iliana; Cunningham, Ross; Brightsmith, Donald; Heinsohn, Robert (2016-01-21). „Ecological and socio-economic factors affecting extinction risk in parrots“.