Патензен
Патензен
Pattensen | |
Поглед на Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градоначалник | Рамона Шуман (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 67 км2 |
Надм. височина | 63 м |
Население | 14.790 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 221 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 30982 |
Повик. бр. | 05066, 05069, 05101, 05102 |
Портал | www.pattensen.de |
Местоположба на градот Патензен во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°16′0″N 9°46′0″E / 52.26667°N 9.76667°E |
Патензен (германски: Pattensen) — мал град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа јужно од покраинскиот главен град Хановер. Со околу 15.000 жители[2] претставува втора најмала општинска единица во округот.
Географија
Местоположба
Патензен се граничи со Шпринге, Хеминген и Лацен, сите во регионот Хановер, како и со Зарштет и Нордштемен од округот Хилдесхајм. Местото историски припаѓа на областа Каленбершки крај.
На исток од Патензен тече реката Лајне.
Градски единици
Кон Патензен припаѓаат местата Хипеде, Јајнзен, Колдинген, Ери, Патензен-Мите, Реден, Шуленбург и Фардегецен, како и помалите единици Тиденвизе и Лауенштат. Хипеде и Ери образуваат само една единица и имаат заеднички совет.[3]
Историја
Градот претставувал седиште на Кнежевството Каленберг до 1636 година, кога седиштето се преместило во Хановер.
Стопанство
Центарот за обработување на писма за поголемата област на Хановер се наоѓа во Патензен.
Политика
Градски совет
Градскиот совет на Патензен се состои од 30 членови.
На изборите во 2016 година бил избран следниов состав:[4][5]
Партија/Листа | Места |
---|---|
CDU | 12 |
SPD | 9 |
UWG/UWJ-Gruppe | 4 |
Зелени | 3 |
Слободни гласачи | 2 |
Дополнително, во советот учествува и градоначалничката Рамона Шума (SPD). Таа била избрана на директни избори во 2014 година.
Збратимени градови
Патензен е збратимен со следниве градови:
- Сен Обен лес Елбеф, Франција
Постојат партнерства и со други места.
Познати луѓе
- Пер Мертезакер — фудбалер
Галерија
-
Дамштрасе со протестантската црква
-
Штајнштрасе
-
Стара стражарница
-
Католичка црква
Наводи
- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Stadt Pattensen: Pattensen in Zahlen + Daten. mit Stand 1. Januar 2015, abgerufen am 30. Januar 2015.
- ↑ „Hauptsatzung der Stadt Pattensen“ (германски). Посетено на 2017-04-23.
- ↑ Hannoversche Allgemeine Zeitung. „Der frisch gewählte Rat der Stadt Pattensen hat sich am Donnerstagabend konstituiert“. Архивирано од изворникот на 2017-04-24. Посетено на 2017-04-23.
- ↑ „Bürgerinfosystem“ (германски). Архивирано од изворникот на 2017-04-24. Посетено на 2017-04-23.
Надворешни врски
- Патензен на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|
|