Пелопонез
Пелопонез (грчки: Πελοπόννησος) — голем полуостров и регион во Јужна Грција, и го формира делот на државата јужно од Коринтскиот Залив. Делови од него припаѓаат на три периферии; поголемиот дел од полуостровот припаѓа на периферијата Пелопонез, а мал дел на Западна Грција и Атика.
Префектури
- Аркадија
- Арголида
- Коринтија (освен општините Агии Теодори и поголемиот дел од Лутраки-Перахора, кои се наоѓаат источно од Коринтскиот Канал)
- Лаконија
- Месинија
- Ахаја
- Префектура Елис
- Пиреј (само општините Метана, Тризина, и дел од Порос)
Географија
Полуостровот има површина од 21.549 км2 и е најјужниот дел од грчкото копно. Со прокопувањето на Коринтскиот Канал во 1893, Пелопонез всушност во целост бил издвоен од копното, и може да се смета за остров. Тој има две врски со копното, една преку вливот на Коринт, и една преку мостот Рио-Андирио, изграден во 2004.
Внатрешноста на полуостровот е планинска. Две групи на острови лежат во близина на крајбрежјето: Арго-Саронските Острови на исток и Јонските Острови на запад.
Надворешни врски
- Управен портал на Пелопонез Архивирано на 15 септември 2008 г. (грчки)
- Преживеаните од огнените стихии во Грција тажат на Пелопонез. (англиски)
- Атинско-спартанската војна на Lycurgus.org (англиски)
|
37°20′59″N 22°21′08″E / 37.34972°N 22.35222°E
|