Пеперутката од Динар
Пеперутката од Динар (италијански: Farfalla di Dinard) - збирка куси раскази на италијанскиот писател Еуџенио Монтале од 1960 година.
Содржина
Збирката ги содржи следниве раскази:[1]
- Ветрушка
- Убавото доаѓа потоа
- Непријателите на господинот Фухс
- Доминико
- Посетата на Аластор
- Жени на кармата
- Блескави очи
- Slow
- Ангелче
- Уривање на пепелта
- Човекот во пижама
- На границата
- На плажа
- Статуа од снег
- Пеперутката од Динар
За збирката
„Пеперутката од Динар“ е најпознатото прозно дело на Монтале. Тоа е збирка кратки состави со силна автобиографска нота, напишани меѓу 1946 и 1950 година. Оваа книга се одликува со повремена иронија, со нагласена трогнатост и со истенчен лиризам, но секој расказ претставува мало ремек-дело на стилот и вкусот, често претворајќи се во поезија во проза.[2]