Името Петте струмички студенти или Струмичката петорка се однесува на струмичаните Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и Стево Топчев на возраст од 18 до 23 години, кои на 13 август1951 година биле убиени до селото Дорломбос на планината Беласица од страна на комунистичките власти во Струмица на тогашната СРМ. Тие биле студенти во Белград, Скопје и Загреб, а биле убиени под образложение дека сакале нелегално да пребегаат во Грција. Струмичани со децении го отфрлаат ова толкување и тврдат дека студентите биле киднапирани и убиени од локалните безбедносни служби затоа што биле политички неистомисленици и блиски до идеалите на ВМРО.[1]