Пиктон
Пиктон Picton / Waitohi | |
---|---|
Поглед на пристаништето во Пиктон | |
Земја | Нов Зеланд |
Регион | Марлборо |
Површина | |
• Вкупна | 33,79 км2 (1,305 ми2) |
Население (June 2018) | |
• Вкупно | 4,350 |
Пошт. бр. | 7220 |
Пиктон (англиски: Picton, маорски: Waitohi) — гратче во северниот врв на Заливот на Кралицата Шарлота близу северноисточниот агол на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Во 2017 г. населението броело 4,350 жители. Наречен е по Томас Пиктон, воен соработник на Војводата од Велингтон кој загинал во Битката кај Ватерло.
Меѓуостровските фериботи пристигаат и поаѓаат кон Велингтон преку Марлборските Заливи. Најголемиот дел од заштитениот дел на маршрутата оди преку Торискиот Канал јужно од Арапава. Гратчето Ваикава е две минути возење од Пиктон и двата се пректично еден град. Вакикава има марина која е една од најголемите во Нов Зеланд.
Сообраќај
Главната северна железничка линија и државниот автопат (State Highway 1) го поврзуваат Пиктон јужно со Бленем, Крајстчерч и понатаму, додека живопосниопт пат по крајбрежјето (кој е пократок, но поспор) оди западно кон Хевлок.
Далекусежениот патнички воз Транскоустал доаѓа од Крајстчерч и линијата завршува во Пиктон.
Околни населени места се Анакива, Ваикава и Шекспиров Залив.
Поморскиот центар Едвин Фокс го чува бродот „Едвин Фокс“ кој е единствениот останат брод кој превезувал осуденици во Австралија. Момнетално бродот е во фаза на реставрација и конзервација.
Значајни личности родени во Пиктон
- Џудит Адамс — австралиска политичарка
- Ланс Карнис — првак на новозеландската крикетна репрезентација
Наводи
Надворешни врски
- Посетете го Пиктон Архивирано на 4 октомври 2006 г. (англиски)
- Опширен водич за посетители (англиски)