Плоштад дел Дуомо (Фиренца)

43°46′22″N 11°15′21″E / 43.772876°N 11.255798°E / 43.772876; 11.255798

Јужен поглед од ѕвоното на Џото
Плоштадот
Плоштадот

Плоштадот дел Дуомо се наоѓа во срцето на историскиот центар на Фиренца (Тоскана, Италија). Тоа е едно од најпосетуваните места во Европа и светот и во Фиренца, најпосетуваната област во градот. Плоштадот ја содржи Фирентинска катедрала со Купола дел Брунелески, Кампанилата на Џото, крстилницата во Фиренца, Лоџа дел Бигало, музејот делата на Катедралата и палатата Арцивесковиле и Каноничи. Западната зона на овој плоштад се нарекува Палацо Сан Џовани.

Згради

Ресторан на Пјаца дел Дуомо
  • Фирентинска катедрала: е најголемата зграда во средновековна Европа,[1] и е четвртата црква во Европа по големина, нејзината должина е 153 метри и неговата висина е 116 метри. Куполата е дизајнирана од Филипо Брунелески.
  • Камбанаријата на Џото: Се наоѓа во непосредна близина на базиликата Санта Марија дел Фиоре и Крстилницата Свети Јован, кулата е едно од показните елементи на фирентинската готска архитектура со дизајнот на Џото, нејзините богати скулпторски украси и полихромирани мермерни облоги.
  • Крстилница на Свети Јован: Осумаголната крстилница стои спроти катедралата Дуомо и камбанаријата Џото (Campanile di Giotto). Таа е една од најстарите градби во градот Фиренца, изградена помеѓу 1059 и 1128 година. Архитектурата е во фирентински романескен стил.
  • Музеј на делата на Катедралата: пред катедралата во Фиренца, тој е посветен на конзервација на Дуомо и други уметнички дела. Во него се чуваат одлични ремек-дела на Микеланџело, Донатело, Лоренцо Гиберти, Лука дела Робија, Арнолфо ди Камбио и многу други.
  • Лоѓија дел Бигало
  • Арциконфратернита Дела Мисерикордија
  • Палацо деи Каноничи
  • Палацо Строци ди Мантова
  • Музејот Торини
  • Палацо Арцивесковиле
  • Торе деи Марињоли
  • Операта на Сан Џовани
  • Колона Сан Заноби, покрај Крстилницата.
360° поглед помеѓу Баптистериумот и катедралата

Поврзано

Наводи

Надворешни врски