Поградец

Поградец
Pogradec
општина
Поглед на Поградец
Поглед на Поградец
Поградец is located in Албанија
Поградец
Поградец
Координати: 40°54′0″N 20°39′0″E / 40.90000°N 20.65000°E / 40.90000; 20.65000
Земја Албанија
ОбластГорица
Управа
 • ГрадоначалникЕдуард Капри (ПД)
Површина
 • општина594,77 км2 (22,964 ми2)
Надм. вис.&10000000000000697000000697 м
Население (2011)
 • општина61.530
 • општина густина1,0/км2 (2,7/ми2)
 • општинска единица20.848
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.7301-7303
Повик. бр.(0)83
Рег. таб.AL
Мреж. местоbashkiapogradec.al
Црквата „Воскресение Христово“
Хотелот „Ројал“ на брегот на Охридското Езерото.

Поградец или Подградец (албански: Pogradec) — град и седиште на истоимената општина од Горичката Област во денешна Југоисточна Албанија. Сместен е на југозападниот брег на Охридското Езеро, во историско-географската област Мокра. Се наоѓа југоисточно од Елбасан, југозападно од Охрид (Р Македонија) и западно од Лерин (Егејска Македонија) и северно од градот Горица (Корча). Градот е наречен по древната тврдина (денес наречена Поградечка тврдина), која се издигала на планинските падини над него (оттаму и „под-градец“).

Демографски особености

Во градот и околните села и денес живее македонско население, од кои се издвојуваат три кои и денес јасно задржале етничкиот карактер и својата варијанта на охридскиот говор. Ова некогаш бил чисто македонски крај, што е очигледно од називите на населените места во општината (подолу). Иако денес има албанско мнозинство, половината жители се православни, а половината се муслимани. Ова укажува дека целокупното поградечко подрачје подлегнало на процес на албанизација на македонското население во не така далечното минато.

Општина Поградец

Денешната Општина Поградец (Bashkia Pogradec) е создадена со управната реформа од 2015 г. кога се споени дотогашните општини Старово, Черава, Берагожда, Поградец, Проптишта, Требиње, Одуништа и Велчани, кои денес имаат статус на составни општински единици.[1] Опфаќа 73 населени места распоредени во 8 општински единици. Имаат вкупно население од 61.530 жители (2011) и површина од 594,77 км2.[2] Според тој попис, тогашната помала општина Поградец броела 20.848 жители.[3] Самиот град Поградец зазема 15 км2.

Општинска единица Берагожда

Општинската единица Берагожда опфаќа 9 населени места со вкупно 2.182 жители (2011).[3] Нејзино седиште е селото Берагожда (Dardhas).

  • Берагожда (Dardhas)
  • Вирчани (Grunjas)
  • Лекас (Lekas)
  • Ниче (Nicë)
  • Оснат (Osnat)
  • Прениште (Prenisht)
  • Радуша (Derdushë)
  • Стркање (Stërkanj)
  • Стропица (Stropckë)

Општинска единица Велчани

Општинската единица Велчани опфаќа 8 населени места со вкупно 2.548 жители (2011).[3] Нејзино седиште е селото Велчани (Velçan).

  • Бишница (Bishnicë)
  • Бузавишта (Buzahishtë)
  • Велчани (Velçan)
  • Јола (Jollë)
  • Лактеш (Laktesh)
  • Лозник (Losnik)
  • Сеништа (Senishtë)
  • Шпела (Shpellë)

Општинска единица Одуништа

Општинската единица Одуништа опфаќа 6 населени места со вкупно 5.990 жители (2011).[3] Нејзино седиште е селото Одуништа (Udënisht).

  • Бучица (Buqezë)
  • Лин (Lin)
  • Мамулишта (Memlisht)
  • Одуништа (Udënisht)
  • Пискупат (Piskupat)
  • Червенака (Çervenakë)

Општинска единица Поградец

Општинската единица Поградец се состои само од градот Поградец (Pogradec), кој брои 20.848 жители (2011).[3]

Општинска единица Проптишта

Општинската единица Проптишта опфаќа 15 населени места со вкупно 4.785 жители (2011).[3] Нејзино седиште е селото Проптишта (Proptisht).

  • Голик (Golik)
  • Горно Радокал (Rodokal Sipër)
  • Деброво (Baribardhë)
  • Долно Радокал (Rodokal Poshtë)
  • Долно Селце (Selcë e Poshtme)
  • Залтора (Zalltore)
  • Крчово (Kriçkovë)
  • Омеш (Homezh)
  • Омчани (Homçan)
  • Проптишта (Proptisht)
  • Самотина (Somotinë)
  • Селиште (Selishtë)
  • Слабиње (Slabinjë)
  • Слатина (Slatinë)
  • Слатинско Зимувалиште (Vërri)

Општинска единица Старово

Општинската единица Старово опфаќа 8 населени места со вкупно 15.687 жители (2011).[3] Нејзино седиште е селото Старово (Buçimas).

  • Бахчалак (Bahçallëk)
  • Вртово (Vërdovë)
  • Загоричани (Gurras)
  • Зерваска (Gështënjas)
  • Пискупија (Peshkëpi)
  • Рамен (Remenj)
  • Старово (Buçimas)
  • Тушемишта (Tushemisht)

Општинска единица Требиње

Општинската единица Требиње опфаќа 15 населени места со вкупно 2.481 жител (2011).[3] Нејзино седиште е селото Требиње (Trebinjë).

  • Бел Камен (Guri i Bardhë)
  • Горна Чешма (Çezmë e Vogël)
  • Горно Селце (Selcë e Sipërme)
  • Долна Чешма (Çezmë e Madhe)
  • Дуница (Dunicë)
  • Земче (Zemcë)
  • Каливач (Kalivaç)
  • Ланга (Llëngë)
  • Малиње (Malinë)
  • Ондишта (Hondisht)
  • Оштица (Hoshtecë)
  • Плешишта (Plenisht)
  • Поткожани (Podgozhan)
  • Превејани (Pevelan)
  • Требиње (Trebinjë)

Општинска единица Черава

Општинската единица Черава опфаќа 11 населени места со вкупно 7.009 жители (2011).[3] Нејзино седиште е селото Черава (Çërravë).

  • Аларуп (Alarup)
  • Блаца (Blacë)
  • Братомир (Bletas)
  • Грабовица (Grabovicë)
  • Кодрас (Kodras)
  • Лешница (Leshnicë)
  • Љумас (Lumas)
  • Нишавец (Nizhavec)
  • Претуша (Pretushë)
  • Черава (Çërravë)
  • Черешник (Qershizë)

Поврзано

Наводи

  1. Закон бр. 115/2014[мртва врска]
  2. „Интерактивна карта на управната територијална реформа“. Архивирано од изворникот на 2017-01-12. Посетено на 2019-04-25.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Исход од поописот 2011: Горица Архивирано на 24 септември 2015 г. — Статистички институт на Албанија (албански) (англиски)

Наводи

Надворешни врски