Покраини во Ирак

Карта на покраините во Ирак

Ирак е поделен на 18 покраини (арапски: محافظات, „мухафази“). Покраините потоа се делат на окрузи (кади), а тие пак, на подокрузи.

Покраините се следниве:

  • Анбар (الأنبار)
  • Багдад (بغداد)
  • Басра (البصرة)
  • Вавилон (بابل)
  • Васит (واسط)
  • Дахук (دهوك)
  • Ди Кар (ذي قار)
  • Дијала (ديالى)
  • Ербил (أربيل)
  • Кадисија (القادسية)
  • Карбала (كربلاء)
  • Киркук (التاميم)
  • Мајсан (ميسان)
  • Мутана (المثنى)
  • Наџаф (النجف)
  • Нинива (نينوى)
  • Саладин (صلاح الدين)
  • Сулејманија (السليمانية)

Ирачки Курдистан

Ирак од 2005 г. ја признава автономијата на регионот Ирачки Курдистан (Јужен Курдистан), чие подрачје навлегува во покраините Ербил, Дахук и Сулејманија. Непосредната власт врз извесни делови од регионот е сè уште предмет на спор помеѓу овие две управи.

Поврзано

  • Географија на Ирак
  • Демографија на Ирак
  • Окрузи во Ирак
  • Градови во Ирак
  • ISO 3166-2:IQ

Надворешни врски