Права на природата

Права на природата е правна и јуриспрудендална теорија која ги опишува инхерентните права поврзани со екосистемите и видовите слично на концептот на основните човекови права. Концептот за правата на природата ги оспорува законите од дваесеттиот век како генерално втемелени на погрешната концепција на природата како „ресурс“, нешто што треба да биде поседувано, искористено и деградирано. Застапниците тврдат дека законите втемелени во правата на природата го насочуваат човештвото да дејствува соодветно и на начин во согласност со модерната, системски-базирана наука, што покажува дека луѓето и природниот свет се темелно меѓусебно поврзани.

Основни принципи

Томас Бери - американски историчар на културата во САД, кој го вовел правниот концепт на Земјинско право кој предлага законите на општеството да произлегуваат од законите на природата, објаснувајќи дека „универзумот е заедница на субјектите, а не збирка на предмети"[1][2][3]

Застапниците на правата на природата тврдат дека, како што човековите права сè повеќе се признаваат во законот, така и правата на природата треба да бидат признати и вметнати во човечката етика и закони.[4] Ова тврдење е поткрепено со две размислувања: дека истата етика што ги оправдува човековите права, исто така ги оправдува правата на природата и дека сопственото преживување на луѓето зависи од здравите екосистеми.[5][6][7]

Наводи

Преглед на наводите

  1. Предупредување за наводот: Ознаката <ref> со назив Berry 2006 не може да се прегледа бидејќи е определена вон тековниот оддел, или пак воопшто не е определена.
  2. Предупредување за наводот: Ознаката <ref> со назив Bell 2003 не може да се прегледа бидејќи е определена вон тековниот оддел, или пак воопшто не е определена.
  3. Предупредување за наводот: Ознаката <ref> со назив Burdon 2012 не може да се прегледа бидејќи е определена вон тековниот оддел, или пак воопшто не е определена.
  4. Предупредување за наводот: Ознаката <ref> со назив Cullinan 2011 не може да се прегледа бидејќи е определена вон тековниот оддел, или пак воопшто не е определена.
  5. Предупредување за наводот: Ознаката <ref> со назив Berry 1999 не може да се прегледа бидејќи е определена вон тековниот оддел, или пак воопшто не е определена.
  6. Предупредување за наводот: Ознаката <ref> со назив Stone 1996 не може да се прегледа бидејќи е определена вон тековниот оддел, или пак воопшто не е определена.
  7. Предупредување за наводот: Ознаката <ref> со назив Nash 1989 не може да се прегледа бидејќи е определена вон тековниот оддел, или пак воопшто не е определена.