Прва Бундеслига во ракомет (мажи)
Спорт | Ракомет |
---|---|
Основана | 1966 |
Прва сезона | 1966–67 |
Број на екипи | 18 |
Држава | ![]() |
Тековен првак | СК Магдебург (2. титула) |
Најмногу титули | ТХВ Кил (22 титули) |
ТВ-партнер(и) | Sky Sport |
Испаѓање во | Втора Бундеслига |
Домашен куп | Куп на Германија Суперкуп на Германија |
Меѓународен куп | ЕХФ Лига на шампиони ЕХФ Европска лига |
Портал | www.liquimoly-hbl.de |
Прва Бундеслига (германски: LIQUY MOLY Handball-Bundesliga) — највисока германска професионална ракометна лига. Победникот во натпреварувачката сезона е официјален германски ракометен шампион. Седиштето на лигата се наоѓа во Дортмунд.
Историја
Бундеслигата била основана во сезоната 1966/67 и првично функционирала со две секции, северна и јужна. Од 1977 година Бундеслигата фунционира како единствена секција прва дивизија, моментално составена од осумнаесет екипи. Во 1981 година била основана Втората Бундеслига како втора дивизија, заменувајќи ја т.н. Регионална лига која станала трета дивизија.
Сезона
Сезоната се состои од 34 натпреварувачки рунди и секоја од екипите игра против секого на домашен и гостински терен. Вообичаено натпреварувачката сезона започнува во август или септември и завршува во мај. Првите две екипи обезбедуваат пласман во ЕХФ Лигата на шампионите следната сезона. Екипите пласирани од третото до шестото место обезбедуваат пласман во ЕХФ Европската лига.
Испаѓање и промоција
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/59/Handball-Bundesliga_GmbH_Hauptverwaltung.jpg/200px-Handball-Bundesliga_GmbH_Hauptverwaltung.jpg)
До 2011 година, последните две екипи на крајот на сезоната испаѓале во Втората Бундеслига за следната сезона, било во нејзината северна или јужна секција. Шеснаесеттопласираната екипа играла бараж натпревар на домашен и гостински терен против победникот од второпласираните екипи од северната и јужна секција од Втората Бундеслига. Победниците од двете секции во Втората Бундеслига автоматски обезбедувале пласман во Првата Бундеслига. Од сезоната 2017–18, последните две екипи од Првата Бундеслига директни испаѓале во Втората Бундеслига, додека пак првите две екипи од Втората Бундеслига директно добиваат прмоција во Првата Бундеслига.
Екипи
Екипи во натпреварувачката сезона 2022–23.
Екипа | Град | Арена | Капацитет |
---|---|---|---|
Хам-Вестфален | Хам | Вестпрес арена | 2,650 |
Бергишер | Вупертал Золиген Диселдорф |
Уни-Хале Клингенхале ИСС Доме |
3,200 2,800 12,500 |
Фихсе Берлин | Берлин | Макс-Шмелинг-Хале | 9,000 |
ТВБ 1898 Штутгарт | Штутгарт | Шарена Штутгарт Порше-Арена |
2,251 6,181 |
Ерланген | Нирнберг | Арена Нирнберг | 8,308 |
Фленсбург Хандевит | Фленсбург | Фленс-Арена | 6,300 |
Фриш Ауф Гепинген | Гепинген | ЕВС арена | 5,600 |
ХСВ Хамбург | Хамбург | Спортхале Хамбург Барклејкард Арена |
5,126 13,000 |
Хановер-Бургдорф | Хановер | ТУИ арена Сала АВД |
9,850 4,460 |
ТХВ Кил | Кил | Шпаркасен-Арена | 10,285 |
СК Лајпциг | Лајпциг | Арена Лајпциг | 6,327 |
ТБВ Лемго | Лемго | Липерландхале | 4,790 |
СК Магдебург | Магдебург | ГЕТЕК арена | 6,600 |
Мелзунген | Мелзунген | Ротенбах-Хале | 4,300 |
Минден | Минден | Кампа-Хале | 4,059 |
Рајн-Некар Левен | Манхајм | САП арена | 13,200 |
Гумерсбах | Гумерсбах | Швалбе-Арена | 4,132 |
Вецлар | Вецлар | Ритал Арена Вецлар | 4,421 |
Прваци
Прваци по сезона
Целосен список на германски ракометни прваци од 1950 година.
|
|
|
Титули по екипа
Екипа | Титули | Години |
---|---|---|
ТХВ Кил | 22 | 1957, 1962, 1963, 1994, 1995, 1996, 1998, 1999, 2000, 2002, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2020, 2021 |
Гумерсбах | 12 | 1966, 1967, 1969, 1973, 1974, 1975, 1976, 1982, 1983, 1985, 1988, 1991 |
Фриш Ауф Гепинген | 9 | 1954, 1955, 1958, 1959, 1960, 1961, 1965, 1970, 1972 |
Гросвалштат | 6 | 1978, 1979, 1980, 1981, 1984, 1990 |
Полиција Хамбург | 4 | 1950, 1951, 1952, 1953 |
Фленсбург Хандевит | 3 | 2004, 2018, 2019 |
ТУСЕМ Есен | 3 | 1986, 1987, 1989 |
Рајн-Некар Левен | 2 | 2016, 2017 |
ТБВ Лемго | 2 | 1997, 2003 |
Валау−Мазенхајм | 2 | 1992, 1993 |
Минден | 2 | 1971, 1977 |
Берлинер 1892* | 2 | 1956, 1964 |
СК Магдебург | 2 | 2001, 2022 |
ХСВ Хамбург | 1 | 2011 |
СГ Лојтерсхаузен | 1 | 1968 |
ЕХФ Коефициент
- Рангирање на европските ракометни лиги
Рангирање според ЕХФ за сезоната 2022/23:[1]
- 1.
(1)
Прва Бундеслига (145.00)
- 2.
(3)
АСОБАЛ лига (121.50)
- 3.
(2)
Прва лига на Франција (104.33)
- 4.
(5)
Прва лига на Унгарија (94.17)
- 5.
(7)
Прва лига на Данска (87.33)
Наводи
- ↑ „2022/23 season ranking“ (PDF). Европска ракометна федерација. Посетено на 22 октомври 2021.
Надворешни врски
- Официјално мрежно место Архивирано на 29 мај 2023 г. (на англиски)
- Официјално мрежно место (на германски)
- Статистика за Првата Бундеслига
|