Први народи

Домороден американски тотем во Викторија

Први народи или Први нации (англиски: First Nations, француски: Premières nations) е политички термин кој се однесува на сите канадски домородни племиња (народи) кои не припаѓаат на групата Ескими и Метиси.[1] Со овој термин се опфаќаат над 600 различни племенски заедници [2] од цела Канада со свој културен и јазичен идентитет. Повеќето од нив живеат во канадските провинции Онтарио и Британска Колумбија.[3] Според статистиката на Канада, околу 700.000 луѓе се идентификуваат како членови на еден од домородните народи од оваа група.[4]

Членовите на Првите нации се организираа политички за прв пат во 1980 година како одговор на аспирациите на канадската влада за промена на Уставот. Тогаш бил формиран Парламентот на првите народи чија цел била да се грижи за правата на припадниците на првите народи и да ги спроведува нивните уставно загарантирани права. Членовите на парламентот на Првите нации ги отфрлија термините племе и резервати [1] и ги вратија традиционалните домородни имиња на нивните заедници. Тие постапки симболично ги претставуваа нивниот суверенитет и автономија, што се одрази токму во нивните аспирации самостојно да ја определат сопствената национална идентификација.

Во Канада во согласност со тамошниот Устав, терминот „Индијанци“ се однесува на сите домородни народи кои не се по потекло Инуити и Метиси,[1] а Индијците се поделени во три групи: Статусни Индијанци, Безстатусни Индијанци и Индијанци по договорот.[1] Собранието на првите нации како политичка организација ги претставува Статусните Индијанци.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Canada's System of Justice Rights and Freedoms in Canada“. Department of Justice Canada. 31. 7. 2009. Архивирано од изворникот на 05. 04. 2012. Посетено на 6. 10. 2009.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  2. „Gateway to Aboriginal Heritage“. Canadian Museum of Civilization. Посетено на 6. 10. 2009.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Assembly of First Nations - The Story“. The Assembly of First Nations. Архивирано од изворникот на 02. 08. 2009. Посетено на 6. 10. 2009.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  4. Size and growth of the First Nations population Архивирано на 28 февруари 2016 г. Canada, provinces and territories, 1996 to 2006. Statistics Canada, censuses of population, 1996 and 2006.

Надворешни врски