Преспанско советување на ЦК на КПМ
Преспанско советување на ЦК на КПМ | |
---|---|
![]() Дел од делегатите на Преспанското советување | |
Учесници | членовите на ЦК на КПМ |
Место | Отешево |
Датум | 2-4 август 1943 |
Преспанско советување на ЦК на КПМ (2-4 август 1943 година) е втор состанок на Централниот комитет на КПМ, одржан во Преспа, во непосредна близина на село Отешево. Учествувале членовите на ЦК на КПМ Кузман Јосифоски - Питу, Цветко Узуновски - Абас, Страхил Гигов - Андро, инструкторот на ЦК на КПЈ во Македонија, Добривое Радосавлевиќ - Орце, подоцна се приклучил и Светозар Вукмановиќ - Темпо, делегатот на ЦК на КПЈ и на ВШ на НОВ и ПОЈ во Македонија.
Одлуки
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/bf/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0_46.jpg/220px-%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0_46.jpg)
Биле донесени одлуки за прераснување на партизанските одреди во воени единици, за интензивирање на изградбата на народната власт, организационо зајакнување и проширување на организациите на КПМ и СКОЈ, за усвојување платформа на НОВ на Македонија [1].
Споменик
Се наоѓа во близина на раселеното село Отешево, во непосредна близина на брегот на Преспанското Езеро. Споменикот е изграден од армиран бетон. Состојбата на споменикот е лоша, бидејќи никој не го одржува и посетува.[2]
Наводи
- ↑ Владо Иваноски, Преспанскиот состанок на ЦК КПМ од август 1943, посебно издание, Скопје, 1983
- ↑ Митаноски, Веле (8 август 2014). „Репортажа Преспанско Езеро - жални остатоци од некогашниот втор туристички центар“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 30 октомври 2016.