Популарност меѓу слушателите на хеви метал и прогресивен рок
Други теми
Историја на прогресивниот метал
Прогресивниот метал (англиски: progressive metal) или прог метал е жанр на хеви металот што има некои заеднички одлики со прогресивниот рок и вклучува употреба на комплексни композициони структури, невообичаена ритмика, и виртуозна оркестрација. Високото ниво на музичка вештина често се комбинира со пеење кое има форма на епски текстуален концепт, резултирајќи со подолги песни и концептуални албуми. Како резултат на овие фактори, прогресивниот метал ретко се слуша на стандардните радио и видео програми.