Промил (од лат.pro mille = „по илјада“[1]) — една десеттина од процент (постоток), или еден дел од една илјада. Знакот за промил е ‰ (Уникод U+2030), кој изгледа како знакот за процент (%) со уште една нула на крајот. Може да се замисли и како стилизиран облик на трите нули во именителот, иако фактички води поеткло од знакот за процент.
Еден промил е еднаков на:
1‰ = 10−3= 1⁄1000 = 0,001 = 0,1%
1% = 10‰
Промилот не треба да се помеша со милионитиот дел (мд или ppm), чијшто именител е бројот 1.000.000, а не бројот 1000.
Примери
Најчести примени на промилот:
Концентрација на алкохол во крвта (во некои земји)
Соленост на морската вода. На пример „просечната соленост изнесува 35‰“