Разбој (гимнастика)

Гимнастичар на разбој

Разбој[1]гимнастичка справа чија висина обично изнесува метар и 75 сантиметри.[2] При изведувањето вежби на гимнастички разбој, мора да бидат застапени вртењата околу надолжната и попречната оска. Сите вежби кои ги изведува гимнастичарот подразбираат комплетна употреба на разбојот по должина, под и над шипките.

Потребно е многу вежбање и истрајност за да гимнастичарот ги совлада сите предизвици кои му ги поставува разбојот.

Акробатските вештини кои се присутни и гимнастичките елементи, обединети во една целина, со завршница која се состои од скок од справата и контролиран доскок, укажуваат на грациозност, снага и умешност на гимнастичарот.[3]

Наводи

Надворешни врски