Рендинска тврдина
Κάστρο της Ρεντίνας | |
Поглед на тврдината | |
Место | Рендина, Лагадинско |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°39′23″N 23°37′24″E / 40.6563°N 23.6232°E |
Вид | тврдина |
Историја | |
Раздобје | доцна антика, среден век |
Белешки за наоѓалиштето | |
Состојба | зачувана |
Рендинска крепост (грчки: Κάστρο της Ρεντίνας) — доцноантичка и средновековна тврдина кај селото Рендина, Лагадинско, Егејска Македонија. Сместена е на рид, непосредно до реката Рендина, на западниот влез на клисурата. Тврдината имала за цел да ја чува византиската населба, како и да ја контролира главната патна артерија.[1]
Тврдината била постојано населена од древни времиња, па сè до почетокот на османлиското владеење. Во османнлиско време тврдината го изгубила нејзиното стратешко значење и Турците се преместиле во соседното село Бешик.[1][2][3][4]
Историја
На ридот се откриени наоди од неолитско време. Во подножјето се наоѓал античкиот град Аретуса.[2] Ридот бил населен до доцната антика, а околу 450 г. е изградено првото утврдување.[5] Подоцна царот Јустинијан I (527-565) ја зајакнал и обновил тврдината. Во X век врз цистерна е изградена епископска базилика. Рендинската тврдина доживеала расцут за време на Палеолозите, кога е изграден крстокуполен храм со забележителни керамики украси на нејзиниот источен крај.[6] Во XIV век тврдината е завладеана со капитулација на царот Јован Кантакузин.[7] Тврдината била населена сè до XVI век. Зачувана е византиската црква на тврдината.[2]
Во 1976 г. се започнати археолошките работи на тврдината, предводени од Николаос Муцопулос.[1] Рендинската тврдина е прогласена за археолошки споменик.
Поврзано
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Κάστρο Ρεντίνας“. www.strymonikos.net. Архивирано од изворникот на 2012-01-27. Посетено на 17 јуни 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „ΕΙΚΟΝΕΣ-ΙΕΡΑ ΛΕΙΨΑΝΑ-ΠΑΝΗΓΥΡΕΙΣ“. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 18 јуни 2014.
- ↑ „Κάστρο Ρεντίνας“. Καστρολόγος. Посетено на 18 јуни 2014.
- ↑ „Το κάστρο της Ρεντίνας“. Protostrator. Посетено на 18 јуни 2014.
- ↑ Μουτσόπουλος, Νικόλαος (2001). Ρεντίνα ΙΙ: Το Βυζαντινό Κάστρο της Μυγδονικής Ρεντίνας: Η Οχύρωση και η Ύδρευση του Οικισμού (грчки). Αθήνα: Τεχνικό Επιμελητήριο Ελλάδος. стр. 42. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ Σουγλέ, Βασιλική (2010). Φωτογραμμετρική αποτύπωση του οχυρωμένου βυζαντινού οικισμού της Ρεντίνας (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. стр. 13. Посетено на 20 јуни 2014.
- ↑ Гръцки извори за българската история. БАН. 1983. стр. 170.
Библиографија
- Νικόλαος Κωνσταντίνου Μουτσόπουλος, Ρεντίνα ΙΙ: Το Βυζαντινό Κάστρο της Μυγδονικής Ρεντίνας: Η Οχύρωση και η Ύδρευση του Οικισμού, Τεχνικό Επιμελητήριο Ελλάδος, Αθήνα 2001
- Σουγλέ, Βασιλική. Φωτογραμμετρική αποτύπωση του οχυρωμένου βυζαντινού οικισμού της Ρεντίνας, Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, 2010
- ΟΔΥΣΣΕΑΣ – Υπουργείο Πολιτισμού και Τουρισμού της Ελλάδας Архивирано на 5 март 2023 г.
- Γεώργιος Ακροπολίτης, Χρονική συγγραφή
- Αθανάσιος Χ. Μπακαλούδης, Συλέος Πεδίον, 1997
Надворешни врски
- Рендинска тврдина на Ризницата ?
- Рендинска тврдина — Стримоникос (грчки)
- Страница за Рендинската тврдина на Кастрологос (грчки)