Република Фиренца

Република Фиренца
Repubblica Fiorentina

1115–1532
Знаме Грб
Местоположба на Фиренца
Република Фиренца во 1494 година
Главен град Фиренца
43°47′N 11°15′E / 43.783° СГШ; 11.250° ИГД / 43.783; 11.250
Јазици тоскански, италијански и латински
Вероисповед Римокатоличка црква
Уредување Олигархиска република
Gonfaloniere of Justice
 -  1293–1295 Џано дела Бела (прв)
 -  1530–1532 Алесандро Медичи (последен)
Подеста
 -  1193–1194 Џерардо Капонсаки (прв)
 -  1502 Винченцо Нобили (последен)
Законодавство Priorato delle Arti
 -  Горен дом Фиренско еснафство
 -  Долен дом Фиренско еснафство
Историја
 -  Прво основање 1115
 -  Marquisate restored
    by Imperial force.
 
1185–97
 -  Чомпи 1378
 -  Основање на
    Династија Медичи.
 
1434
 -  Соборување на
Пјеро II ди Лоренцо де Медичи
 
1494
 -  Прогласена за наследно
   војводство од папата.
1532
Валута Флорин (1252–1533)
Денес во  Италија

Република Фиренца (латински: Respublica Florentina, италијански: Repubblica fiorentina) — независна република во Северна Италија која постоела во периодот 1115-1185 и 1197-1532 година. Републиката била основана како независна комуна во градот Фиренца, но наскоро се зацврстила во поголемиот дел од северна и централна Тоскана и започнала да ума една од најважните улоги во политичкиот систем во Италија. Република Фиренца создала сложен систем на управување заснован на неузурпација на власта од едно лице и вклучување на граѓаните во формирањето на државните органи.

Во 13-14 век економскиот развој на Фиренца и донела да стане една од најјразвиените земји не само во Италија, туку и во Европа. Во Фиренца најпрвин се родило мануфактурното производство и започнале социјалните конфликти меѓу наемните работници и работодавачите. Во 1434 година во Фиренца на власт се утврдила династија Медичи, во кој период државата се трансформирала. Во 14 век Фиренца станала водечки центар на италијанската ренесанса, во кој твореле Данте Алигиери, Франческо Петрарка, Џовани Бокачо, Леонардо да Винчи, Микеланџело, Николо Макијавели и многу други.