Риболов

Риболов на Дојранското Езеро

Риболов или рибарство — стопанска гранка чија задача е одгледување, ловење и преработка на рибите. Рибата има значајна улога во исхраната на населението. Освен тоа, во некои земји од неа се произведува вештачко ѓубриво. Луѓето ја употребуваат рибата на повеќе начини и тоа, како солена, сушена или конзервирана.

Видови риболов

Риболовот може да биде речен, езерски или морски. Најзначаен е морскиот риболов, бидејќи во морињата се лови најголемо количество риба. Во морињата и океаните рибата се лови на современ начин, со специјални мрежи и бродови, додека китовите се ловат со харпуни.

Езерскиот риболов е застапен на сите поголеми езера, како што се: Големите Езера во САД, Каспиското, Бајлакското, Аралското, Тангањика, Викторија, Њаса, Чад и др.

Речниот риболов е застапен на сите реки, а најмногу риба се лови на големите реки, како: Волга, Мисисипи, Ганг, Дунав, Јанцекјанг, Хоангхо и др.

Риболовот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Султанот и рибарот“ — приказна на африканското племе Свахили.[1]
  • „За синот на сиромашниот рибар“ — полска народна приказна.[2]
  • „За рибарот и неговите три сина“ — полска народна приказна.[3]
  • „На рибарите“ (српски: Аласима) — српска народна песна.[4]
  • „Рибару, рибару!“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[5]
  • „Рибари“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[6]
  • „Итар Пејо и селаните риболовци“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.[7]
  • Сказна за рибарот и рипката“ — бајка во стихови на рускиот писател Александар Сергеевич Пушкин од 1833 година.[8]
  • „Рибарска незгода“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[9]
  • „Неодоливиот рибар“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[10]
  • „Рибар“ (англиски: Fisherman) — песна на јамајската реге-група Конгос (The Congos) од 1977 година.[11]
  • „Рибари со харпун“ (хрватски: Ribiči s harpunom) — слика на хрватскиот уметник Мијо Ковачиќ од 1965 година.[12]
  • „Рибар“ (хрватски: Ribič) — слика на хрватскиот уметник Мирко Вириус од 1939 година.[12]
  • „Риболовот на китови на Гренланд“ (англиски: Greenland Whale Fisheries) - песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.[13]

Наводи

  1. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 44-46.
  2. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 49-60.
  3. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 5-23.
  4. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 107.
  5. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 49.
  6. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 17.
  7. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 24-25.
  8. Пушкин, „Лирика, сказни“, том I, Наша книга, Скопје, 1986. стр. 229.
  9. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 42.
  10. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 30.
  11. YouTube, The Congos - Fisherman (пристапено на 25.4.2017)
  12. 12,0 12,1 Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
  13. YouTube, The Pogues - Red Roses For Me (FULL ALBUM) (пристапено на 22.8.2017)