Риген (германски: Rügen) — поранешен округ во североисточниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Округот Риген бил создаден во 1806 од шведската администрација на Шведска Померанија. Најпрвин бил именуван како Амт Берген, но од 1810 го носи името округ Берген. На 4 септември 2011, Риген бил припоен кон новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.
Округот се граничел целосно со Балтичкото Море. Најблиски окрузи биле Северна Западна Померанија и слободниот град Штралзунд. Округот ги покривал островите Риген и Хидензе и неколку помали острови како Уманц и Вилм. Така тој бил единствениот округ во Германија, кој се состоел само од острови.
Грб
Грбот потекнува од грбот на Кнежевството Риген од XIII век, со единствена измена во круната. Грбот бил донесен на 18 јануари 1993.