Римски диктатор

Во периодите кога rимската држава, обично по продирањето на варварите, ќе се нашла во состојба на вонредна опасност (“криза“), Сенатот, исклучиво според критериумот на граѓански углед, именувал диктатор со неограничени овластувања[1]. Диктаторот имал овластувања само додека траела опасноста и единствена задача му била со сите можни средства да ја отстрани опасноста од државата и повторно да ја воспостави нормалната состојба. Со престанокот на кризата и мандатот на диктаторот му престанувал, а тој се враќал на положбата што ја имал пред именувањето, додека врховната власт повторно ја преземал Сенатот.

Ако именуваниот диктатор и по престанувањето на опасноста (кризата), со злоупотреба на неограничените овластувања и заповедничката моќ, ги задржи таквите овластувања, тој станува тиранин, а неговата власт се нарекува тиранија.

Ако пак, за да ги задржи диктаторските овластувања и моќ, ја продолжува состојбата на вонредна опасност, предизвикувајќи кризи, тогаш неговата власт се нарекува терор, а тој станува терорист.

Попис на римските диктатори

  • 501 г. п.н.е. – Тит Ларциј
  • Марко Фуриј Камил – пет мандати
  • 458 г. п.н.е. – Луциј Квинциј Цинцинат, втор мандат 439 г. п.н.е.
  • 342 г. п.н.е. – Марко Валериј Корво
  • 333 г. п.н.е. – Публиј Корнелиј Руфин
  • 324 г. п.н.е. – Луциј Папириј Курзор
  • 315 г. п.н.е. – Квинт Фабиј Максим Рулијан
  • 301 г. п.н.е. – Марко Валериј Корво, втор термин по Втората самнитска војна
  • 292 г. п.н.е. – Апиј Клавдиј Цеко
  • 285 г. п.н.е. – Апиј Клавдиј Цеко
  • 249 г. п.н.е. – Ауло Атилиј Кајатин, по катастрофата кај Дрепан, за време на Првата пунска војна
  • 221–219 г. п.н.е. – Квинт Фабиј Максим Кунктатор
  • 217 г. п.н.е. – Квинт Фабиј Максим Кунктатор, за време на Втората пунска војна
  • 216 г. п.н.е. – Марко Јуниј Пера и Марко Фабиј Бутео
  • 203 г. п.н.е. – Публиј Сулпициј Галба Максим
  • 82 г. п.н.е. до 80 г. п.н.е. – Луциј Корнелиј Сула - “Феликс“, "Dictator - rei publicae constituendae causa"
  • 46 г. п.н.е. и 45/44 г. п.н.е. – Гај Јулиј Цезар, "Dictator - rei gerendae causa" & од 44 г. п.н.е. "Dictator perpetuus"

Наводи