Тој е еден од ретките фудбалери кој играле за двата шпански најголеми клубови Реал Мадрид и Барселона.
По пензионирањето од активниот фудбал тој работел како помошник селектор во хрватската репрезентација во периодот меѓу 2006 година и 2010 година, пред да биде назначен за тренер на Црвена Ѕвезда од Белград во декември 2010 година.[2] Во август 2012 година, Просинечки го презел турскиот клуб Кајзериспор, а потоа бил назначен и за селектор на репрезентацијата на Азербејџан во декември 2014 година. По три години поминати во Азербејџан, Просинечки имал понуда од Азербејџанската фудбалска федерација да го продолжи својот договор на уште две години, но тој одбил да го стори тоа. На 4 јануари 2018, бил именуван за селектор на Босна и Херцеговина.[3]