Русе (бугарски: Русе) е град во североисточниот дел на Бугарија, административен центар на Русенска област. Градот е петти по големина во земјата. Русе е град-пристаниште и има 146.609 жители. Градот се наоѓа во јужниот дел на Дунавската Низина, на бреговите на Дунав. Започнува да се развива како голем економски центар дури во текот на 19 век.