СМД технологија
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ec/RC2010JK-071K2L.jpg/220px-RC2010JK-071K2L.jpg)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/29/Big_SMD_capacitor_2.jpg/220px-Big_SMD_capacitor_2.jpg)
СМД технологија (англиски: Surface mount device technology) претставува начин на производство на електрични кола (монтирани на самата површина на електричната плочка). Електричните елементи за ваквата технологија се специфични, односно нивната конструкција е таква да се овозможи нивно лесно поставување и залемување на печатената електрична плочка.
Историја
Започнува да се користи во 1960, а подоцна во 1980-тите години добива поголем замав. Предност е тоа што се користи многу помала единица површина во однос на класичните THT печатени електрични плочки (THT-Through-hole technology).