Саат кулата во Тетово била изградена од Мехмед паша пред 1608 година. Тоа била монументална градба со квадратна основа, која преминувала во многуаголна и завршувала со интересен покрив. Таа го красела градот до 1933 година кога била урната поради дотраеноста[1]. Постои иницијатива за возобновивање на кулата.[2]