Светски ден на книгата
Светскиот ден на книгата, познат и како Светски ден на книгата и авторското право или Меѓународен ден на книгата, е годишен настан организиран од УНЕСКО за промовирање на читањето, издавањето и авторските права. Првиот Светски ден на книгата бил прославен на 23 април 1995 година и оттогаш се одбележува на тој ден. Поврзан настан во Обединетото Кралство и Ирска е забележан во март.[1] По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, УНЕСКО заедно со советодавниот комитет од главните сектори на книжевната индустрија ја избира Светската престолнина на книгата за една година. Секој назначен Светски главен град на книгата спроведува програма на активности за славење и промовирање на книгите и читањето.[2] Во 2024 година, Стразбур бил прогласен за Светска престолнина на книгата.[3]
Избор на датум
Оригиналната идеја била на Висенте Клавел, директор на издавачката куќа Сервантес во Барселона, во 1922 година, како начин да му се оддаде почит на авторот Мигел де Сервантес и да се зголеми продажбата на книги. Прв пат бил прославен на 7 октомври 1926 година, роденденот на Сервантес, пред да биде преместен на датумот на неговата смрт, 23 април, 1930 година.[4] Прославата сеуште има голема популарност во Каталонија, каде што се нарекува Денот на Сант Жорди или Денот на книгите и розите.
Во 1995 година, во УНЕСКО одлучиле Светскиот ден на книгата и авторското право да се слави на 23 април, бидејќи датумот е и годишнина од смртта на Вилијам Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега, како и од раѓањето или смртта на неколку други истакнати автори.[5] (Во историска коинциденција, Шекспир и Сервантес умреле на истиот датум - 23 април 1616 година - но не во истиот ден, бидејќи во тоа време, Шпанија го користела Грегоријанскиот календар, а Англија го користела јулијанскиот; Шекспир всушност умрел 10 дена по Сервантес, на 3 мај според Грегоријанскиот календар.)
Светски ден на книгата по регион
Светската престолнина на книгата е иницијатива на УНЕСКО која им оддава признание на градовите за промовирање на книги и поттикнување на читањето една година со почеток на 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право.[2][6]
УНЕСКО ја усвоиле 31c/Резолуцијата 29 во 2001 година, воспоставувајќи ја програмата Светска престолнина на книгата и го прогласиле Мадрид како прв град во 2001 година. Советодавниот комитет е составен од УНЕСКО, Меѓународната асоцијација на издавачи, Меѓународната федерација на библиотечни здруженија и институции, Меѓународниот форум на автори и Меѓународната федерација на продавачи на книги.[6]
Шпанија
Во Шпанија, Денот на книгата започнал да се слави од 1926 година секој 7 октомври[7], роденденот на Мигел де Сервантес. Но, се сметало дека е посоодветно овој ден да се прослави во попријатна сезона кога ќр може да се читаат книги на отворено. Така, во 1930 година, кралот Алфонсо XIII ја одобрил промената на прославата на Денот на книгата на 23 април, наводниот датум на смртта на Сервантес.[7]
Шведска
Во Шведска, денот е познат како Världsbokdagen („Светски ден на книгата“) и аспектот на авторските права ретко се споменува. Обично се слави на 23 април.
Обединетото Кралство и Ирска
Во Обединетото Кралство и Ирска, Светскиот ден на книгата е хуманитарен настан во март, кој се одржува секоја година во првиот четврток и се совпаѓа со објавувањето на специјалните изданија.[8] Годишната прослава на 23 април е Светска ноќ на книгата, настан организиран од независната добротворна организација Агенција за читање.[9]
Соединетите Американски Држави
Во Кенсингтон Мериленд, Интернационалниот ден на Книгите се слави со уличен фестивал во неделата што е најблиску до 26ти април.[10]
Индија
Светскиот ден на книгата се слави и во Индија на 23 април секоја година.[11] Се одбележува во многу делови на Индија за да се охрабрат луѓето да читаат и објавуваат книги.[12][13]
Галерија
-
Модерно печатење книги, четврта скулптура (од шест) на Берлинската патека на идеите . Откривање: 21 април 2006 година.
-
Туниските студенти читаат на улица, на Светскиот ден на книгата во 2012 година
-
Саем на книга во Хелсинки, Финска, на Светскиот ден на книгата 2011 година
-
Кампања „5-минутно читање“ (поточно, содржината од 5 минути за читање штотуку испечати еден лист хартија) во Лоѓ, Полска, во 2013 година
Поврзано
- Меѓународен ден на детската книга
- Светски ден на интелектуалната сопственост
- Ден на пронаоѓачите
- Светски ден на раскажување приказни
Наводи
Надворешни врски
- World Book and Copyright Day, United Nations: 23 April
- Message from Ms Audrey Azoulay, Director-General of UNESCO on the occasion of World Book and Copyright Day 2019
- International Day of the Book celebration in Kensington, Maryland, US
Преглед на наводите
- ↑ „World Book Day 2021: Theme, Quotes, History, Significance | Sa News“. S A NEWS (англиски). 2021-04-23. Посетено на 2021-04-23.
- ↑ 2,0 2,1 „World Book and Copyright Day“. UNESCO (англиски). 2021-04-29. Посетено на 2022-04-19.
- ↑ „UNESCO names Strasbourg as World Book Capital for 2024“. www.unesco.org. UNESCO. 2023-10-06.
- ↑ Dalmases, Irene (20 April 2020). „El Día del Libro ha trasladado en ocho ocasiones la fecha de su celebración“. La Vanguardia (шпански). Посетено на 28 November 2021.
- ↑ „World Book and Copyright Day - EN | United Nations“. Посетено на 2021-04-26.
- ↑ 6,0 6,1 „UNESCO World Book Capital“. UNESCO (англиски). 2013-07-25. Посетено на 2022-04-19.
- ↑ 7,0 7,1 „World Book Day April 23“. Skip the Line Barcelona. 3 April 2021. Посетено на 2021-04-23.
- ↑ „Frequently Asked Questions“. World Book Day (UK & Ireland). 2019-03-07. Архивирано од изворникот на 2012-02-12. Посетено на 2019-03-07.
- ↑ „World Book Night“. Посетено на 2019-03-07.
- ↑ „Kensington Day of the Book Festival - TOK“. Town of Kensington.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „World Book Day 2021: Why It Is Celebrated, Other Interesting Facts“. NDTV.com (англиски). Посетено на 2022-04-22.
- ↑ NEWS, SA (2022-04-22). „On World Book and Copyright Day Read Sant Rampal Ji's Sacred Books“. SA News Channel (англиски). Посетено на 2022-04-22.