Сексот и градот
Сексот и Градот | |
---|---|
Податотека:SATC Title.jpg Лого на серијата | |
Жанр | ситком |
Создадена од | Дарен Стар |
Улоги | Сара Џесика Паркер Кристин Дејвис Синтија Никсон Ким Катрал |
Земја на потекло | САД |
Бр. на сезони | 6 |
Бр. на епизоди | 94 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Мајкл Патрик Кинг |
Камера | Сингл камера |
Времетраење | 29 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | HBO |
Првично прикажување | 6 јуни 1998 – 22 февруари 2004 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | hbo.com/city |
Сексот и градот (англиски: Sex and the City) — популарна американска телевизиска серија создадена од Дарен Стар. Премиерно е емитувана на HBO од 1998 до 2004, во тотала од шест сезони.
Сместена во Њујорк, серијата се фокусира на четири женски ликови. Сметана е за ситком, но има серијализирани приказни како во сапуница, како и драматични елементи.
Серијата е главно снимана во Њуjорк, во Силверкап студијата, но и во и околу Менхетен.
Кај нас, серијата премиерно беше прикажана на Македонска радио-телевизија, но беа прикажани и репризи на Алфа телевизија.
За серијата
Серијата е делумно заснована на истоимената книга од Кендас Бушнел, која е компилација од нејзината колумна во New York Observer. Бушнел изјавила во неколку интервјуа дека Кери Бредшо е нејзиното алтер его; кога за првпат ги пишувала „Сексот и градот“ есеите, ги користела своите иницијали, а подоцна го создала ликот Кери Бредшо, жена од иста кариера (писател) и со исти иницијали.[1] Фокусот на серијата се Кери и нејзините три најдобри пријателки, кои меѓусебно разговараат за своите сексуални доживувања и фантазии, како и за своите верувања и мислења. Често, нивните разговори беа искрени дискусии за романса и сексуалност, особено во контекстот да се биде сама жена. Првата сезона е адаптација на книгата, што не е случај со останатите сезони. Во секоја епизода од првата сезона има кратки интервјуа кои се претпоставува дека и служеле на Кери во нејзиното истражување. И во втората сезона овие интервјуа се присутни, пред конечно да се укинат. Исто така е укинато т.н. „fourth wall“ (кога Кери гледа директно во камерата и и се обраќа на публиката. Последен пат е ова видено во третата епизода од втората сезона, „The Freak Show“.
Критики и публика
Сексот и Градот премиерно беше прикажана на HBO, на 6 јуни 1998, и беше една од највисоко ранкираните ситкоми за сезоната. Крајот на серијата, емитуван на 22 февруари 2004 беше еден од најгледаните краеви, веднаш по M*A*S*H, Married...with Children, Cheers, Сајнфелд, Луд по тебе, Фрејзер, Пријатели, Сите го сакаат Рејмонд и Вил и Грејс.
Позитивни критики
Серијата стана позната по своите слободни дијалози за жените и сексот. Обожавателите на серијата велат дека Сексот и Градот е реалистичен портрет на сексуалното однесување и животниот стил на многу урбани Американци.[2] Авторот Орсон Скот Кард вели дека иако грубоста на серијата го оставила нем, била една од најдобро напишаните серии на телевизија.[3]
Негативни критики
Ликовите биле критикувани како површни, плитки и самобендисани.[4] Во натпис од магазинот FHM, Кери Бредшо беше вброена во една од најиритантните ликови на телевизиската историја. Вели: „Да си претпоставиме дека станала феминистичка икона. Дали тоа значи дека сите жени треба да сакаат да станат материјалисти и уништувачи на домови?“ Сексот и Градот исто така била критикувана и поради тоа што е фокусирана само на богати и бели ликови, игнорирајќи ги црните и сиромашните. Ликовите биле наречени елитисти.[5] Исто така, нечии мислења биле дека жените изгледале плитки затоа што зборувале само за секс.
Филм
Главна статија: Сексот и градот (филм)
Филм верзијата на серијата требаше да почне со продукција на крајот на 2004, кога серијата заврши. Меѓутоа, договорот за филмот пропадна, што, како што било изјавено, се должи на несогласувања помеѓу Сара Џесика Паркер и Ким Катрал. Ким Катрал одбила да потпише договор за помала сума од на Паркер.[6] Статии во весниците во ноември 2006 изјавија дека проблемот бил решен и дека филмот ќе биде направен. Во моментот се вршеле преговори со продуцентот Мајкл Патрик Кинг и со главните ѕвезди.[7] Филмот е во пред-продукциски план. .[8] Сценариото за филмот е при крај и снимањето во Њујорк би можело да почне подоцна оваа година.[9][10] Мајкл Патрик Кинг е избран за режисер на филмот. Продукцијата е закажана да почне отприлика на есен 2007 година.[11] По неколку години гласини, Сара Џесика Паркер конечно ја потврди веста дека филмот веројатно ќе биде направен.[12][13]
DVD издание
Сите шест сезони се издадени на DVD.
Надворешни врски
- Home of HBO's Sex and the City Архивирано на 6 ноември 2008 г.
- TBS.com Sex and the City Архивирано на 4 јули 2007 г.
- WGNTV.com Sex and the City Архивирано на 25 април 2007 г.
Белешки
- ↑ Bushnell Speaks on Sex, City, and Shoes Архивирано на 28 октомври 2007 г., Stanford Daily Online, 1 март, 2005
- ↑ Binks, Georgie (2004-03-25). „Sex and the City“. CBC News. Архивирано од изворникот 2004-04-05. Посетено на 2006-12-17. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Card, Orson Scott (2003-12-21). „Gifts, television, comedy, traffic, and earphones“. The Rhinoceros Times. Посетено на 2006-12-17. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑
Hull, Shelton (2006-06-30). „Modern Woman as Love Machine: The Post-Feminist Landscape, as Projected by 'Sex and the City'“. LewRockwell.com. Посетено на 2006-12-17. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Greenwood, Arin. „Sex and What City?“. PopPolitics.com. Архивирано од изворникот на 2007-03-14. Посетено на 2006-12-17.
- ↑ Cattrall Quits Sex and the City ,FemaleFirst, December 13, 2004
- ↑ „'Sex and the City' movie close to green light“. ABC7 Chicago. 2006-11-14. Архивирано од изворникот на 2007-03-22. Посетено на 2006-12-17. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ "Sex and the City" Movie in Pre-Production Stages Архивирано на 14 јули 2007 г., Extra TV, February 15, 2007
- ↑ "Sex and the City" Film Starting This Year?, Hollywood.com, February 23, 2007
- ↑ "Sex and the City" script in writing process, ChinaDaily, February 27, 2007
- ↑ King Directing "Sex and the City" Movie Архивирано на 21 јуни 2007 г., ComingSoon.net, May 23, 2007
- ↑ Parker confirms "Sex and the City" rumors Архивирано на 29 септември 2007 г., The New Zealand Herald, June 8, 2007
- ↑ Sarah Jessica Parker Confirms "Sex and the City" Movie in the Works, Hollywood.com, June 7, 2007
|