Сент Џон Капистер
Сент Џон Капистер Saint John Capisterre | |
---|---|
парохија | |
Држава | Свети Кристофер и Невис |
Адм. центар | Дип Беј Таун |
Површина | |
• Вкупна | 25 км2 (10 ми2) |
Население (2001 проц.) | |
• Вкупно | 3.181 |
• Густина | 130/км2 (330/ми2) |
Сент Џон Капистер (англиски: Saint John Capisterre) е една од 14-те парохии на Свети Кристофер и Невис. Оваа е втора најголема парохија во Свети Кристофер и трета најголема во државата. Административен центар на оваа парохија е Дип Беј Таун.
Географија
Парохијата има вкупна должина на брег од 5 милји. Брегот на парохијата е најразновиден и најимпресивен во државата. Северното крајбрежје е составено од долги плажи со црн вулкански песок. Дип Беј Бич (плажа) е скоро целосно опколена од гребен, што го прави морето во овој дел многу безбедно. Другите плажи, како што се Парсонс Бич и Сенди Беј немаат таов гребен и природна заштита и има силни струи од Атлантскиот Океан. Во јужното крајбрежје се наоѓаат најзначајните и најпознатите природни одлики на островот, Блек Рокс. Овие големи карпи се долги две милји и истите се како резултат на последната вулканска активност на Свети Кристофер, односно се проценува дека во 14 век имало последена ерупција на островот.
Друга значајна географска одлика на парохијата е планината Лјамуига. Таа е највисоката планина на островот и водно во Заветрените Острови.
Населени места
Најголемо населено место во парохијата е Седлерс и има население од околу 2000 жители. Табернакл е село и е второ најголемо населено место во парохијата. Покрај овие две, значајно е и селото Дип Беј Таун, кое е првото француско населено место на Свети Кристофер и административен центар на парохијата. Покрај овие, во парохијата се наоѓаат селата: Парсонс Граунд, Погсон, Лунч, Харис и Бел Ви
Поврзано
Надворешни врски
- Населени места во Сент Џон Капистер (англиски)