Славонски Брод се наоѓа на северниот брег на рекатаСава, на границата со Босна и Херцеговина и е центар на Бродско-посавска жупанија. Претставува раскрсница на главните сообраќајни правци во правец запад-исток и север-југ. Низ Брод поминува и железничка пруга и автопат кој ја поврзува Западна Европа со Блискиот Исток, а на реката Сава има мост кој ја спојува Хрватска со Босна преку официјален граничен премин. Градот е сместен на пола пат помеѓу Загреб и Белград, на крајниот југ на Панонската Рамнина, помеѓу Бродско Брдо на север и реката Сава на југ. Пловниот пат на реката се користи уште од римско време, а паралелно со реката Сава, денес, низ славонската рамнина се простира и нафтовод.
Историја
Населба на овој дел од Хрватска постоела уште во праисториско време, благодарениe на поволната географска положба, умерената континентална клима, плодната почва и близината на реката. Градот го доби името Брод кое на почетокот значело место на кое се прегазува реката, а после и средство за остварување на истото.
На североисточниот дел на градот, во месноста Галово, не многу одамна е откриено богато наоѓалиште на античка култура од раното камено време. Освен фактот дека се работи за најголемото наоѓалиште од каменото време на подрачјето на Северна Хрватска, исклучително е значајно да се нагласи дека пронајдените остатоци го потврдуваат 8.000 години старото населување на Брод.
Денес Славонски Брод е сообраќаен град на автопатот кој ја поврзува Средна и Западна Европа со Мала Азија. Како административен центар на жупанијата и индустриски центар, Славонски Брод и понатаму расте и се развива, поготово во последните десетина години.
Население
Град Славонски Брод
Број на жители според попис
Година
2001.
1991.
1981.
1971.
1961.
1953.
1948.
1931.
1921.
1910.
1900.
1890.
1880.
1869.
1857.
бр. жители
64.612
57.229
49.153
40.043
30.093
23.116
20.196
19.203
13.729
13.193
9.627
6.940
5.872
4.775
4.015
Славонски Брод (населено место)
Број на жители според попис
Година
2001.
1991.
1981.
1971.
1961.
1953.
1948.
1931.
1921.
1910.
1900.
1890.
1880.
1869.
1857.
бр. жители
58.642
55.683
47.583
38.705
28.810
21.858
16.681
15.827
11.199
10.651
7.532
4.968
4.433
3.362
2.736
Образование
Денес во Славонски Брод поштои Машински факултет, Висока учителска школа, осум средни и единаесет основни училишта. Од установите на претшколска возраст, во градот постојат седум детски градинки, Центар за рехабилитација на деца со попречен развој и една Музичко-јазична работилница. Стапката на неписмени е ниска во однос на вкупниот број на жители. Најголемиот број на неписмени се старите лица.