Сливенски манастир
Сливенски манастир | |
---|---|
Свети Никола | |
Αγίου Νικολάου Σλίβενης | |
![]() Манстирската црква | |
40°32′32.46″N 21°11′17.06″E / 40.5423500°N 21.1880722°E | |
Место | Сливени, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1716 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Четирочко |
Епархија | Костурска |
Сливенски манастир „Св. Никола“ (грчки: Μονή Αγίου Νικολάου Σλίβενης или Κορομηλιάς) — манастир кај селото Сливени, Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.
Манастирот е сместен северно од Сливени, на левиот брег на Желевска Река, во западното подножје на планината Саракина
Основан е во 1716 г. од мoнахот Мелетиј како наследник на византискиот манастир „Св. Архангели“ кој се наоѓал на север, во клисурата на Сливени.[1]
Се смета дека за време на Охридската архиепископија во манастирот имало духовно училиште со интернат. Кон почетокот на 1870-тите костурскиот владика Никифор ги уништил сите словенски ракописи во манастирот.[2]
За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908) манастирот, под раководство на погрчениот игумен, станал прибежиште за грчките андарти што војувале со четите на МРО. Затоа, на 8 март 1905 г. е изгорен од македонски чети, а игуменот Антим и монахот Дамјан Х. Тоскос се погубени.[3][4] Од манастирот останал само еден сребрен кивор со мошти на Свети Никола и други светци, кој денес се чува во Чуриловскиот манастир.[5] За одмазда, во мај истата година грчките чети го нападнале соседното македонско село Жупаништа.[1][6]
Поврзано
Литература
- Γ. Αλεξίου, Η ιερά μονή Αγίου Νικολάου (Σλίβενης) Κορομηλιάς, εκδ. Αλεξίου, Καστοριά, 2005
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Τα μοναστήρια της Καστοριάς (μέρος 2ο)“. Ιστορικά Καστοριάς. Занемарен непознатиот параметар
|acess-date=
(help) - ↑ Македонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство Фама, София, 2006, с. 29.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 211.
- ↑ Каравангелис, Германос, „МАКЕДОНСКАТА БОРБА (СПОМЕНИ)“, приложение към „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ, ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева“ София, 2001 г., стр. 359.
- ↑ „Ο εθνομάρτυρας Αρχιμανδρίτης Άνθιμος Γιοβανόπουλος († 1905)“. Φως της Καστοριάς. 25 ноември 2011. Посетено на 18 јули 2015.
- ↑ Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 177–178. ISBN 954-90993-1-8.