Смрдлика или смрдеш (науч. Pistacia terebinthus) — листопадна грмушка со мало дрво од Средозмјето и Досредоземјето[2] во склоп на семејството на руевите (Anacardiaceae). Има сложени непарно перјести листови[2]. Дводомен вид кај кој цветовите се собрани во метлести соцветија[2]. Плодот е мала, металносива косличка[2]. Содржи смолни канали и смола во вегетативните делови[2]. Претставува единечна или групна примеса во поизразито термофилните шумски заедници[2]. Доста е застапено насекаде во Македонија, а посебно во јужните делови, заради што тоа е застапено и во топонимијата, односно во името на планината Смрдеш во Радовишко, костурското село Смрдеш во Егејска Македонија итн.
↑ 2,02,12,22,32,42,5Андоноски, Александар (2009). „Смрдлика (Смрдеш)“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1385. ISBN978-608-203-024-1 (2) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).CS1-одржување: користи параметар editors (link)