Сома (река)
Оваа статија се однесува на река. За истоимениот департман, погл. Сома (департман).
Сома | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Ламанш 50°13′16″N 1°34′0″E / 50.22111°N 1.56667°E |
Должина | 245 |
Особености на сливот |
Сома (француски: Somme, пикардски: Sonme) — река во Пикардија, северна Франција.[1] По неа е именуван департманот Сома.
Реката е долга 245 км од изворот кај Фонсом близу Сен Кантен, сè до Сомскиот Залив и протокот Ламанш. Лежи во геолошка синклинала која воедно ја образува и реката Солент. Ваквиот терен му дава на течението прилично постојан и благ наклон.
Историски настани
- Реката е веројатно најпозната по Битката на Сома во Првата светска војна (јули-ноември 1916).
- Сомскиот Залив бил зборно место за флотата на Вилијам Освојувачот во инвазијата на Англија во 1066 г.
- Реката ја преминала војската на Едвард III во 1346 во походот што кулминирал со Битката кај Креси.
- Англиската војска морала да ја премине реката во походот што завршил со Битката кај Азенкур.
- Во долините на Сома се одиграле големите битки што конечно ставиле крај на напредувањето на германската војска во Пролетната офанзива (1918).
Департмани и градови по течението
Поважни притоки
|
|
Наводи
- Delattre, Ch., Mériaux, E. and Waterlot, M. Guides Géologiques Régionaux: Région du Nord, Flandre Artois Boulonnais Picardie (1973)
Надворешни врски
- Сома на Ризницата ?
- Слики од Сома Архивирано на 27 мај 2007 г.
|