За владетелите пред создавањето на кралствата Шкотска, Англија и кнежевството Велс, видете:
Кралеви на Бритите
Список на кралеви на Пиктите
Список на кралеви на Шкотите (тука влегуваат и Стјуартите од 1603 до 1714 како заеднички владетели на Англија и Шкотска)
Кралеви на Далриада
Кралеви на островот Ман
Кралеви на Ман и придружните острови
Кралеви на Стратклајд
Легендарни кралеви на Британија
Владетели ја Велс
Кралеви на Источна Англија
Кралеви на Есекс
Кралеви на Кент
Кралеви на Сасекс
Кралеви на Весекс
Кралеви на Мерсија
Кралеви на Нортамбрија
Велики Кралеви на Ирска
Сложености околу титулата и звањето
Кралските титули се сложена работа бидејќи во некои случаи се користеле имиња на кралства кои официјално сѐ уште не ни настанале, или пак настанале порано, но без веднаш да им се даде ним соодветна кралска титула.
Во 1328, при смртта на францускиоткрал, Шарл IV, кралот на Англија Едвард III (внук на Шарл IV) го побарал францускиот престол. Додека тјудорските монарси продолжиле да ја бараат Франција и ова не се засновало на окупација, британската династија Стјуарти биле пензионери на Бурбоните, како што шкотските Стјуарти биле пензионери на Валојците, во опозиција на фактичото властодржење на Франција од страна на Плантагенетите. Ова испаднало погубно за титулата, бидејќи донесувањето на т.н. Заклетвен Акт и Фонтенблоскиот Едикт ги заживеал старите спорови; мирот помеѓу Британија и Франција склучен од Џемјс Стјуарт и Анри Бурбон не можел да се самоодржи. Подоцна Хановерските монарси сѐ до Унитарниот Акт од 1800 не се занимавале со оваа проблематика, туку со нивниот локален Брауншвајг. Подоцна Француската револуција го поддржила гледиштето на француската Круна, иако постоеле бунтови од помал карактер за враќање на старата титула. (Видете Англиски барања на францускиот престол.)
Од 1559 до денес, англиските, а потоа и британските монарси, ја имаат титулата Врховен Управител на Англиската Црква.
Нумерацијата на англиските монарси започнува одново по 1066 (иако ова ги погодува само Едвардите). Нумеричиот систем го препочита поделениот национален пристап; така Џемјс II на Англија бил и Џемјс VII на Шкотска, а Вилијам III на Англија бил и Вилијам II на Шкотска. По Унијата почнал да важи англискиот број (за „Џорџ“, „Едвард“ и „Елизабета“) и до скоро не постоело формално правило на доделување броеви.
Сите шкотски монарси ја имале титулата Крал на Шкотите или Кралица на Шкотите, ос исклучок на последните тројца: Мери II, Вилијам III и Ана I кои го користеле звањето „на Шкотска“ наместо „на Шкотите“.
Во октомври 1604, една година пред да стане крал на Англија, Јаков VI на Шкотска прогласил дека кралската титула ќе го користи терминот Велика Британија за „една империјална (царска) Круна“ сочинета од Англија и Шкотска [1]. Меѓутоа користењето на оваа титула е проблематично бидејќи обединетите државни функции и служби за Велика Британија не биле во потполна кохезија сѐ до Унитарниот Акт од 1707 со кој се основал Парламентот на Велика Британија. Нити пак обединетата круна била нарекувана 'империјална', туку ги подлвекувала декретите на Хенри VIII кој се прогласил еднаков по деференција со Светиот Римски цар Карл V. Затоа некои историчари ги нарекуваат монарсите до 1707 како владетели на Англија и Шкотска, но поедноставно, целото кралство се смета за Британско заради келтскиот карактер кој стоел зад ренесансниот Тјудорско-Стјуартскиот апарат и прекуморската империја на „Британија“. По смртта на Елизабета, дворјаните го сметале Џемјс за нов Брут Тројански. Покрај ова, „британството“ било поткопувано од други фактори како сепаратистичкото Јакобитство меѓу шкотите сѐ до унијата со Ирска. Но сепак во обичниот говор луѓето ги нарекуваат владетелите на Велика Британија „англиски“ во однос на бунтовите на шкотите, ирците и американците.
Во разни документи термините Кралство Велика Британија и Обединето Кралство на Велика Британија фигурираат дури и во најофицијални документи како Унитарниот Акт од 1707. Историчарите сметаат дека зборот Обединето се користел како описен збор, назначувајќи унија од типот на брак, а не принудно припојување. За поголема јаснотија и заради тоа што зборот Обединето е многу повеќе поврзан со подоцнежното име Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска според Унитарниот Акт, кралството создадено во 1707 г. се нарекува Кралство Велика Британија.
На сличен начин, иако најголемиот дел од Ирска престанала да биде дел од Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска со настанувањето на Ирската Слободна Држава ви 1922, нити полниот назив на Обединетото Кралство, нити кралската титула биле променети сѐ до Актот за Кралски и Парламентарни Титули од 1927. Историчарите ретроспективно сметаат дека настанот на современото Обединето Кралство се случил во декември 1922, иако во овој случај формалната промена се случила дури пет години подоцна.
Монарси
Наследувањето на многуте престоли не било глатко, од родител на дете; недостигот на наследници, граѓанските војни, убиствата и инвазиите правеле промени во наследноста на начин кој не може да се прикаже во едноставна листа.
Односите брз кои биле основани за барањата на престолот се прибележани (оние кои се познати), а означени се и годините на владеење.
Дански кралеви Саксонските и данските кралски семејства едновермено го барале англискиот престол, од 1013 до 1016. Данска и Англија имале еден ист крал од 1016 до 1042.
Владетели на Англија и Ирска Во 1199, Џон, кој веќе бил Господар на Ирска, го наследил англискиот престол. Титулата „Господар на Ирска“ била заменета со титулата „Крал на Ирска“ во 1542 г.
Балиоли При смртта на Маргарита во 1290 немало јасен наследник. Кралот Едвард I на Англија ги пресудил барањата на Роберт Брус, Петти Лорд од Анандејл и Џон Балиол во полза на Балиол.
Стјуарти Како свршеница на младиот француски престолонаследник од возраст на 5 год, Мери Стјуарт, Кралицата на Шкотите израснала во Франција. Се вратила во Шкотска во 1560 г.
Владетели на Англија, Шкотска и Ирска Во 1603, Јаков VI на Шкотска го наследил англискиот престол со смртта на Елизабета I во т.н. Унија на Круните. Оттогаш, па сѐ до 1707, Англија, Шкотска и Ирска делеле исти монарси.
Период на Интерегнумот, (Комонвелт и Прокеторат) Англија немала крал од 1649 до 1660, но уставниот статус на владата не бил разјаснет. На пример, сѐ до неговото распуштање на 10 април 1653, Долгиот Парламент бил сметан за република. Меѓутоа самиот се нарекувал Комонвелт. По распуштањето на Остаточниот парламент, билло формирано Номинирано собрание. Уставниот статус на режимот не се променил сѐ додека Кромвел не го прифатил Владиниот апарат на 15 декември 1653. Оттогаш Оливер Кромвел носел звање Лорд-заштитник, владеејќи преку два Протекторатски парламента. Во 1659, Ричард Кромвел абдицирал, со тоа враќајќи ја власта во рацете на Парламентот сѐ до Стјуартската Реставрација во 1660 г.
Хановерска династија Според Актот за Престолонаследство од 1707, на англискиот (па така и британскиот) престол можел да седи само протестант. Најблиската таква роднина била Софија Хановерска, која била статутарно прогласена за следниот престолонаследник. Таа починала накратко пред Ана, и на нејзино место дошол нејзиниот син, кој ја основал Хановерската династија.
Владетели на Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска Во 1801, со Унитарен Акт се соединуваат Кралството Велика Британија и Кралството Ирска во едно Обединето Кралство.
Саксобурготи Името на владеачката династија се сменило заради бракот на Викторија со Принц Алберт Саксобурготски, но таа самата останала член на Хановерската династија.
Виндзорска динасија Името на владеачката династија се променило во Виндзор во 1917 заради антигерманското расположение за време на Првата светска војна.
Владетели на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Во 1922, Ирската Слободна Држава го напушта Обединетото Кралство. Поради ова, името на државата се менува во 1927. Помеѓу 1927 и донесувањето на Актот за Република Ирска во 1949, Џорџ V, Едвард VIII И Џорџ VI имале и звање „Крал на Ирска“.
За владетелите пред создавањето на кралствата Шкотска, Англија и кнежевството Велс, видете:
Кралеви на Бритите
Список на кралеви на Пиктите
Список на кралеви на Шкотите (тука влегуваат и Стјуартите од 1603 до 1714 како заеднички владетели на Англија и Шкотска)
Кралеви на Далриада
Кралеви на островот Ман
Кралеви на Ман и придружните острови
Кралеви на Стратклајд
Легендарни кралеви на Британија
Владетели ја Велс
Кралеви на Источна Англија
Кралеви на Есекс
Кралеви на Кент
Кралеви на Сасекс
Кралеви на Весекс
Кралеви на Мерсија
Кралеви на Нортамбрија
Велики Кралеви на Ирска
Сложености околу титулата и звањето
Кралските титули се сложена работа бидејќи во некои случаи се користеле имиња на кралства кои официјално сѐ уште не ни настанале, или пак настанале порано, но без веднаш да им се даде ним соодветна кралска титула.
Во 1328, при смртта на францускиоткрал, Шарл IV, кралот на Англија Едвард III (внук на Шарл IV) го побарал францускиот престол. Додека тјудорските монарси продолжиле да ја бараат Франција и ова не се засновало на окупација, британската династија Стјуарти биле пензионери на Бурбоните, како што шкотските Стјуарти биле пензионери на Валојците, во опозиција на фактичото властодржење на Франција од страна на Плантагенетите. Ова испаднало погубно за титулата, бидејќи донесувањето на т.н. Заклетвен Акт и Фонтенблоскиот Едикт ги заживеал старите спорови; мирот помеѓу Британија и Франција склучен од Џемјс Стјуарт и Анри Бурбон не можел да се самоодржи. Подоцна Хановерските монарси сѐ до Унитарниот Акт од 1800 не се занимавале со оваа проблематика, туку со нивниот локален Брауншвајг. Подоцна Француската револуција го поддржила гледиштето на француската Круна, иако постоеле бунтови од помал карактер за враќање на старата титула. (Видете Англиски барања на францускиот престол.)
Од 1559 до денес, англиските, а потоа и британските монарси, ја имаат титулата Врховен Управител на Англиската Црква.
Нумерацијата на англиските монарси започнува одново по 1066 (иако ова ги погодува само Едвардите). Нумеричиот систем го препочита поделениот национален пристап; така Џемјс II на Англија бил и Џемјс VII на Шкотска, а Вилијам III на Англија бил и Вилијам II на Шкотска. По Унијата почнал да важи англискиот број (за „Џорџ“, „Едвард“ и „Елизабета“) и до скоро не постоело формално правило на доделување броеви.
Сите шкотски монарси ја имале титулата Крал на Шкотите или Кралица на Шкотите, ос исклучок на последните тројца: Мери II, Вилијам III и Ана I кои го користеле звањето „на Шкотска“ наместо „на Шкотите“.
Во октомври 1604, една година пред да стане крал на Англија, Јаков VI на Шкотска прогласил дека кралската титула ќе го користи терминот Велика Британија за „една империјална (царска) Круна“ сочинета од Англија и Шкотска [2]. Меѓутоа користењето на оваа титула е проблематично бидејќи обединетите државни функции и служби за Велика Британија не биле во потполна кохезија сѐ до Унитарниот Акт од 1707 со кој се основал Парламентот на Велика Британија. Нити пак обединетата круна била нарекувана 'империјална', туку ги подлвекувала декретите на Хенри VIII кој се прогласил еднаков по деференција со Светиот Римски цар Карл V. Затоа некои историчари ги нарекуваат монарсите до 1707 како владетели на Англија и Шкотска, но поедноставно, целото кралство се смета за Британско заради келтскиот карактер кој стоел зад ренесансниот Тјудорско-Стјуартскиот апарат и прекуморската империја на „Британија“. По смртта на Елизабета, дворјаните го сметале Џемјс за нов Брут Тројански. Покрај ова, „британството“ било поткопувано од други фактори како сепаратистичкото Јакобитство меѓу шкотите сѐ до унијата со Ирска. Но сепак во обичниот говор луѓето ги нарекуваат владетелите на Велика Британија „англиски“ во однос на бунтовите на шкотите, ирците и американците.