Јорданската монархија била воспоставена во 1921 год., со помош на Британците. Синовите на шариф Хусеин ибн Али биле поставени за кралеви на Ирак и Јордан. Во Јордан, кралот Абдула I бил назначен за Емир на Трансјордан (11 април1921 - 25 мај1946), Крал на Трансјордан (25 мај1946 - 3 април1949) и Крал на Хашемитското Кралство Јордан на 3 април1949. Династијата Хашемити води потекло од Хеџаз и се впрочем туѓинци во Јордан, но тие и понатаму опстојуваат на власт во земјата со континуирана поддршка од народот.